Многу вкусен и здрав колач. Измешајте сè одеднаш во блендер и за 5 минути направете ја оваа одлична торта која ќе ви ги зајакне коските. Без брашно, без маснотии, без шеќер (на цела количина содржи само 30 г) и замрзнување… Може да ја јадат и возрасни и деца, бидејќи е одличен извор на многу корисни витамини и минерали.

Идејата за рецептот го добив од свекрва ми, која од овие состојки си приготвуваше природен лек за остеопороза, советувана од својот лекар. Јас ја пробав смесата која таа редовно си ја подготвуваше и многу ми се допадна. Оттогаш почнав да ја приготвувам оваа торта, а сите што ќе ја пробаат веднаш ми бараат рецепт.

Затоа одлучив да ја споделам со вас. Во нејзиниот рецепт се содржеше следново суво овошје: суви кајсии, суви сливи, суви смокви и урми. Во мојот рецепт јас користам суви сливи и суви кајсии, а вие ако сакате можете да направите комбинација од сите, во количина од 400 г.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г суви кајсии, 200 г суви сливи, 2 јајца, 1 прстофат сол, 10 г ванилин шеќер, 30 г шеќер, 2 лажици скроб/густин/нишесте, 500 мл млеко (може бадемово), 50 г путер, 100-120 г црно чоколадо со висок процент на какао, 150 г ореви или бадеми, 200 г кекси, 50 г путер, чоколадо за декорација

ПОСТАПКА: Сувото овошје прелијте го со топла вода и оставете го пет минути за да се хидрира и набубри, а потоа процедете го. Во тенџере на страна скршете две јајца, додајте прстофат сол, ванила и 30 г шеќер, 2 лажици скроб/нишесте, па сè изматете додека да се изедначат состојките.

Додајте го млекото, па ставете на умерен оган да се свари со непрекинато мешање додека да се згусне. Додека е топол кремот во него додајте 50 г путер, па продолжете со мешање додека тој да се растопи и инкорпорира. Потоа додајте го и црното чоколадо искршено на коцки, па продолжете со мешање додека и тоа да се растопи.

Кремот покријте го со фолија и оставете го да се олади. За тоа време сомелете 150 г ореви и 400 г суво овошје кое претходно отстојало во вода, како и 200 г бисквити. Растопете 50 г путер и додајте го во мешавината. Промешајте ги сите состојки додека да се изедначат.

Четвртина од добиената смеса распоредете ја на дното од калап со димензии од 18-19 см (пречник на обрачот), претходно обложен со хартија. Врз слојот од кекси и суво овошје нанесете четвртина од изладениот крем, распоредете и израмнете.

Врз кремот повторно наросете од сувата смеса, а врз неа нанесете крем. Колачот има по четири слоја од едната и од другата смеса. Врз горниот слој наросете струготини од црно чоколадо, па оставете ја тортата да се лади во фрижидер на најмалку 4-6 часа. Потоа отстранете го обрачот, сечете и послужете. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.