Тортата навистина е кралица, многу е вкусна и секогаш цела се изедува.
Потребни состојки за кафеава кора:
5 белки
5 лажици шеќер
1 пудинг од чоколадо
За жолта кора:
5 белки
5 лажици шеќер
1 пудинг од ванила
За бела кора:
5 белки
5 лажици шеќер
3 лажици густин
За фил:
15 жолчки
10 лажици шеќер
10 лажици брашно (полни)
1 литар млеко
1,5 путер/маргарин
400 г несквик
300 г шлаг крем
Постапка:
Кафеава кора: изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па постепено додадете го правот од пудингот, па испечете ја кората (на намастен и набрашнет среден плех 25х30 или тркалезен калап за торти, или обложен со хартија, на 180 степени, околу 15 минути).
За жолта кора: исто како за кафеавата кора, изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па внимателно промешајте го правот од пудингот и испечете.
За белата кора: изматете ги белките со шеќерот во цврст снег па внимателно додадете го густинот да остане воздушеста смесата, па испечете.
За фил: 15 жолчки изматете ги со 10 лажици шеќер, па додадете 10 лажици брашно и 200 мл млеко. Сето тоа сварете го во 800 мл млеко. Додека е врело додадете 200 г несквик, а кога ќе излади убаво додадете пенасто изматен путер, заедно убаво измиксајте ги, па додадете уште 200 г несквик. Посебно изматете 300 г шлаг со 300 мл млеко.
Редење: бела кора, фил, жлаг, жолта кора, фил, шлаг, кафеава кора, фил, шлаг.
Напомена: ако се препече кората таа се собира. Знак дека е готова – кога ќе започне да се одвојува од ѕидот!