Еве како успеав да ја одзатнам WC шолјата со најобичен раствор, многу лесно и многу брзо

Растворот кој ги одзатнува одводите како од шега: Повеќе никогаш нема да морате да викате мајстори!

Ако живеете во стан вистински кошмар е ако ви се затнат одводните цевки. За да одбегнете хорор-сценарио, поплава, течење на вода, прелевање на WС и останати непријатности, пробајте го овој едноставен трик кој го открива овој човек од видеото.

За почеток, поставете стари пешкири околу затнатиот одвод – без разлика дали станува збор за лавабо, када или WC шолја.

На затнатиот отвор истурете една шолја детергент за садови и веднаш истурете канта многу врела вода. Водата треба да биде навистина многу врела.

Овој раствор оставете да отстои 20 минути. Кога ќе измине овој период, нивото би требало да се симне на нормално. Потоа истурете уште една кофа многу врела вода за да може убаво да се измие одводот.

Ако сакате во смесата можете да додадете и две лажици сода бикарбона која ќе го зголеми ефектот и ќе ја олесни оваа непријатна работа.

Објаснувањето е следното: нечистотијата која се скаменила и се затнала во одводот ќе омекне и ѕидовите на цевката ќе станат лизгави, по што сета нечистотија полесно ќе се придвижи.

Целата демонстрација можете да ја погледнете во видеото:

Loading...