Обланда по рецептот на баба ми – брзо, вкусно, многу излегува

Отсекогаш ги сакав обландите на баба ми!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 путер/маргарин, 2 јајца, 250 г шеќер, 100 г чоколадо за готвење, 250 г бисквити, 50 г суво грозје, 100 г ореви, сок и лимонова кора по желба и 2 кори обланда

ПОСТАПКА: прво ставете ги корите меѓу влажни крпи за да омекнат. Сувото грозје полијте ги со малку рум да омекнат и набубрат.

На пареа растопете еден путер, па матете и додајте две јајца и шеќер. Кога ќе се растопат путерот, јајцата и шеќерот додајте чоколадо, искршени бисквити на крупно, натопено суво грозје и исечкани ореви.

Мешајте за убаво да се соединат состојките, па на крај додајте лимонов сок и уште рум по желба. Кога корите се добро омекнати, премачкајте ги со смесата и завиткајте во ролат.

Внимавајте да бидат целосно исполнети, без воздушни џебови. По желба можете да ставите желе бонбони или чоко бананчиња. Изладете добро, па сечете.

Претходна статијаЦРНА РУЖА со фил од мак: прекрасен колач и не е многу комплициран!
Следна статијаТурски популарен чоколаден пудинг, фантастичен десерт кој се прави за 5 минути!