Недим Сладиќ, метеоролог на Нова БХ, преку Фејсбук ја објави прогнозата на метеоролошката служба AccuWeather за претстојното лето 2021 година.
„И, за оние кои кои се желни за посуво време, не делува лошо после сите пролетни дождови кои и натаму, сè уште се добредојдени поради земјоделството. А би можеле и да го посакаме ова лето, затоа што, судејќи според текстот, голем дел од нарушувањата се далеку од југот на Европа “, напиша Сладиќ.
Според AccuWeather, делови од Европа доживеаја летни горештини уште кон крајот на март, но во април следеше остар зимски налет и голема промена во температурата.
„1 Јуни започнува со почетокот на метеоролошкото лето, но летната краткоденица, која ќе го означи почетокот на астрономското лето, се случува дури на 20 јуни.
Тимот сочинет од искусни метеоролози на AccuWeather предупредува дека топлиот бран кој се шири низ Европа во текот на летото и недостатокот на широко распространети дождови можат да предизвикаат полјоделски проблеми.
Дури и некои летни култури, кои обично се отпорни на суша, можат да се соочат со проблеми откако зимското време потраја подолго и се задржа во пролетта, па сето тоа би можело да влијае врз издржливоста на билките“, се вели во прогнозата.
Судејќи според картата, во Македонија летото ќе биде топло и суво, а нашата земја е обележана со портокалова боја. Во централните и југоисточните делови на Европа ќе се создадат суви услови.
Според прогнозата, топлината ќе се прошири од Шпанија и Италија, до Велика Британија, северна Франција, Белгија, Германија и земјите од Балканот. Сепак, ширењето на потоплото време нема да биде конзистентно во овие области.
„Може да има врелини на запад и исток, но никогаш истовремено“, наведе метеорологот AccuWeather, Тајлер Ројс. Па така, горештината би можела да доаѓа во бранови.
Ширењето на потоплите временски услови исто така ќе биде постепено. Се очекува дека трајните горештини во Париз и Берлин ќе бидат одложени до крајот на јули и август.
Средната минимална температура ќе се движи околу 15,9 степени, а средната максимална температура околу 26,3 степени целзиусови. Дождови ќе има под просекот, но под границите на нормалата.
Метеоролозите најавуваат доста жежок јули со топлотни бранови кои нема да им одговараат на многумина кои имаат здравствени проблеми.
Просечната температура во јули ќе биде многу над нормално-просечната со средна минимална од околу 18,2 степени, а средна максимална температура 29,2 степени целзиусови.
Според меторолозите, нѐ очекуваат топлотни бранови во јули, а дождовите ќе бидат во границите на просекот. Ниту во август нема да има заладување. Температурите ќе се движат од 28,6 степени целзиусови па нагоре.