Кога се мислите каков колач да си направите за да се заблажите, направете си го овој вкусен колач со нутела. Состојките веќе ги имате дома, а сѐ што треба да направите да ги изматите и премачкате состојките. Колачот не се пече и се подготвува за 15 минути.
Крцкавата основа од бисквити и два крема ја комплетираат глазурата со млечно чоколадо. Во рецептот се користи крем сирење „Абц“, обично несолено, а наместо тоа може да се користи маскарпоне. Нема разлика во вкусот, само во цената, а наместо Нутела можете да користите и еурокрем за кој веќе сте сигурни дека е добар и ви одговара. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 70 г путер, 30 г несквик, 100 мл млеко, 400 г крем сирење, 50 г шеќер во прав, 500 мл слатка павлака, 200 г Нутела. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г млечно чоколадо, 50 г темно чоколадо, 150 мл слатка павлака.
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад искршете ги бисквитите на помали парчиња, па ставете ги во блендер да се сомелат. Во бисквитот додајте го несквикот и полустопен или омекнат путер. Истурете малку млеко и измешајте. Во кружен плех со димензии 25×25 см или 30×20 см истресете ја смесата од бисквитите и притиснете ја со раката.
Оставете во фрижидер додека ги правите филовите. Иако бисквитот изгледа малку сува, таков треба да биде. За кремот: Се матат крем сирењето и шеќерот во прав. Настрана изматете ја слатката павлака во цвест снег. Соединете ги двете смеси и измешајте малку со миксер, па дополнително соединете со шпатула или жица.
Половина од овој изматен фил намачкајте го на бисквитниот слој и измазнете го. Во втората половина додајте ја растопената нутела (стопете ја во микробранова печка или држејќи ја теглата во топла вода). Врз белиот фил премачкајте го целиот фил со нутела и измазнете го.
За глазурата ксршете го чоколадото и прелијте со топлата слатка павлака и мешајте додека да се соедини и да добиете убава светло кафена глазура. Прелијте го колачот така што ќе се прелее на шпатула или лажица, а не директно врз колачот за да не се отвори дупка во филот.
Оставете го во калапот до сервирање. Пред сервирање извадете го прстенот, па со шпатула извадете ги исечените коцки. Најдобро е колачот да отстои неколку часа во фрижидер, пред сервирање. Деталите погледнете ги ОВДЕ.