Едноставни обланди со бисквити кои можете да ги направите за Нова година или за други празници.

Потребни состојки:

600 г шеќер
600 мл млеко/растително за посно
250 г маргарин/путер
600 г мелени бисквити
200 г кокос
2 лажици какао

Постапка:

Шеќерот и млекото се варат 10 минути. Потоа се додава маргаринот или путерот и се меша додека тој се растопи. Смесата се трга на страна малку да подизлади.

Потоа се додаваат мелените бисквити и кокосот. Добро се промешува за да се впие течноста и да се изедначат состојките.

Добиената смеса се дели на два дела, а во едниот се додава какао и се промешува за да се добие темен дел.

Со топлата смеса се филуваат обландите и добро се притиска за да се стегне филот. Откако ќе излади добро и ќе се зацврсти, обландите се сечат на штангли и се украсуваат по желба.