Потребни состојки за темен дел:

500 г мелени бисквити

250 г шеќер во прав

100 г рендано чоколадо за готвење

50 мл рум (може и повеќе, по желба)

200 мл топло млеко

Какао по потреба заради јачина на бојата

За фил:

250 г путер/маргарин

100 г шеќер во прав

200 г кокос

Постапка:

Мелените бисквити, шеќерот во прав, ренданото чоколадо, рум по желба и ако сакате посилна боја- промешајте какао. Полека додавајте топло млеко.

Млекото додавајте го малку по малку, зошто можеби нема да ви бидат потребни сите 200 мл. Смесата не смее да биде ни претврда ни премека.

За фил: Омекнатиот путер и шеќерот во прав измешајте ги со виљушка и добро изедначете. Потоа додадете 200 г кокос, па повторно изедначете.

Ако немате пластична фолија, може да земете пластична кеса и да ја исечете така, да добиете облик на правоаголник „книга“.

Залепете ја со селотејп за масата за да не ви се изместува додека работите. Наросете со шеќер во прав.

Од темниот дел направете „колбас“, ставете го на средина од кесата и извалајте во вид на правоаголна кора.

Потоа со помош на лажица и тап нож полека нанесете го филот. Одлепете ја кесата и извалајте ролат.

Пресечете го на два – три дела (за полесно да го пренесете ролатот), завиткајте во фолија и ставете во фрижидер или замрзнувач да се стегне.

Доколку сакате потенки салами, двете смеси поделете ги на два еднакви дела, па секој посебно правете ги.