НОВО ТИРАМИСУ: Брз и економичен колач без јајца, се топи во уста…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За крем:
200 г скроб/нишесте/густин
1.5 чаша шеќер
1 јајце
1.6 литар млеко
3 супени лажици брашно
3 лажици масло
100 г бело чоколадо
1 кесичка шлаг
2 супени лажици путер/маргарин
За потопување на пишкотите:
500 мл ладно млеко, 2 кесички ладно кафе со вкус на ванила
2 пакувања какао кекси/пишкоти
За глазура:
1 кесичка пудинг со вкус на чоколадо
3 чаши млеко
50 г чоколадо
ПОСТАПКА:
Сите состојки (без чоколадото, шлагот и путерот) добро изматете ги. Ставете на оган и со непрекинато мешање варете додека да се згусне. Потоа претурете го кремот во посебен сад и додајте бело чоколадо.
Мешајте додека тоа да се растопи и соедини во кремот. Оставете да се олади. Потоа додајте ја содржината од една кесичка шлаг (правот) и изматете со миксер додека да се изедначи.
Во калап со средна голмина наредете еден слој пишкоти кратко потопувани во мешавината од млеко и кафе. Врз него распоредете половина од белиот фил, па повторно пишкоти и завршете со бел крем.
Глазура: загрејте ги сите состојки и кога смесата ќе се изедначи залијте го колачот одозгора. Откако ќе се олади на собна температура, колачот оставете го 2 часа во фрижидер пред послужување. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.