НОВА БРЗА ПОСНА ТОРТА: Најбрзиот рецепт за чоколадна торта досега! Ја правам секој втор ден! БЕЗ ЈАЈЦА! Без млеко….а одличен вкус! Иако е посна оваа торта можете да ја правите преку цела година.

Многу брзо се приготвува, лесна е и едноставна, а вкусот нема да ве остави рамнодушни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

210 г брашно
35 г какао во прав
10 г прашок за печиво
180 г шеќер
20 г ванилин шеќер
240 мл вода на собна температура
75 г растително (сончогледово) масло

за глазура:

3 лажици какао во прав
3 лажици шеќер во прав
1 лажица скроб/нишесте/густин
вода по потреба (4-5 лажици)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад просејте ги сите прашкасти состојки, додајте го шеќерот и ванилата, па добро промешајте за да се изедначи.

Во сувата мешавина додајте ги водата и маслото, па мешајте со кујнска жица-маталка додека да се изедначи во хомогена смеса без грутчиња.

Тестото сипете го во помал калап обложен со хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, 40-45 минути.

За поголем колач соодветно зголемете ја количината на состојките. Печениот колач оставете го да се лади, па направете ја глазурата.

За глазура: просејте ги сувите состојки и измешајте ги, па додајте неколку лажици ладна вода. Мешајте додека да добиете фина, мазна и хомогена смеса без грутчиња.

Печениот и подизладен колач прелијте го со чоколадната глазура и декорирајте со ситно сечкани или мелени ореви. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.