НОВ БЕЈГЛ ЛЕБ: Сите мислат дека го купувам, толку многу е убав, со крцкава златна коричка, а внатре мек како душа

Бејгл е вид на лебно печиво кое најчесто се прави во облик на прстен или ѓеврек, со густа и вкусна внатрешност, а крцкава и румена надворешност. Обично пред печењето се наросува со мелено семе од афион (мак), сусам и крупна морска сол.

Според традиционалниот рецепт за бејгли, тестото треба да отстои најмалку 12 часа во фрижидер или ладна просторија, но може и да се прескокне овој чекор, па секој бејгл се вари во врела вода минута до минута ипол во која има малку сода бикарбона, прашок за печиво или мед/јачменов слад, а потоа се пече класично во рерна.




Токму овој начин на постапка го дава препознатливиот вкус и изглед на бејгл печивата. Наместо во врела вода, бејглите можат да се испечат и на пареа. Од количината во следниот рецепт излегуваат 8-10 лепчиња со величина на седвич-лепче и по потреба можат да се замрзнуваат до 6 месеци. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г брашно, 400 мл топла вода, 30 г маслиново масло или путер растопен, 1 лажичка сол, 2 лажички шеќер, 7 г сув квасец (2 лажички или 1 кесичка), 2 литри вода + 3 лажици сода бикарбона за варење на лепчињата и по желба семе или морска сол за наросување




ПОСТАПКА: Во подлабок сад просејте 700 г брашно и промешајте го со 2 лажички шеќер и една кесичка сув квасец (2 мали лажичка), па додајте 400 мл топла вода и 30 г растопен путер или маслиново масло.




Зачинете со една лажичка сол, па со рака убаво замесете го додека да се соединат состојките. Ќе добиете меко и малку лепливо тесто. Тестото истресете го на набрашнета работна површина и месете го неколку минути додека да стане еластично и мазно.




Тоа и натаму сосем малку ќе лепи зашто треба да остане меко. Потоа покријте го со кеса или кујнска крпа и оставете го на топло место да стасува приближно половина час или додека убаво да ферментира и да го удвои волуменот.




Повторно премесете го малку на набрашнета површина колку да го обликувате во валјак за полесно да го поделите на 8 или 10 еднакви делови, а потоа од секој дел формирајте топче. Оставете ги 5 минути да отстојат, а за тоа време зовријте ја водата.

Тенџере со 2 литри вода ставете на оган и додајте 3 лажици сода бикарбона. За тоа време секое топче со прстите сплоснете го и повторно со штипкање соберете го во топче. Можете да ги обликувате во валјаче, а потоа да ги споите краевите во вид на прстен или ѓеврече. Вака обликуваните топчиња редете ги врз хартија малку наросена со брашно.




Покријте ги и оставете ги да отстојат 10 минути. Кога ќе зоврие водата спуштајте ги топчињата да се варат по 30-40-тина секунди од секоја страна, а потоа вадете ги со решеткаста лажица. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.




Лепчињата со остар нож одозгора површински засечете ги и наросете ги со крупна сол и семки по желба. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути (на централното ниво од рерната). Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходна статијаЧУДО КОЛАЧ СО 1 ЈАЈЦЕ И 1 ЈАБОЛКО: Го правам брзо како палачинка
Следна статијаОвој леб е подобар од сите други: Лесен и едноставен рецепт за ароматично лепче, од тестото се прават и фурнаринки