Ништо поубаво од мирисот на домашно печиво, па уште и погача, лисната, мирисна, вкусна и мека…

loading...

Погачата е мека како душа…

Потребни состојки:

500 г брашно

20 г квасец

loading...

200 мл млеко (ако е потребно може уште малку)

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

5 лажици масло

За премачкување на тестото: 150 г путер

За премачкување на погачата: жолчка + сусам за наросување

Постапка:

Просејте го брашното и во средината направете вдлабнатина, па внатре издробете го квасецот, шеќерот и малку млако млеко, па оставете да се активира.

Потоа додадете сол, масло и остатокот од млекото, па замесете тесто. Добро измесете го да се добие мазно тесто кое не се лепи за садот. Оставете го на топло да надојде.

Стасаното тесто премесете го на набрашнета работна површина, поделете го на 5 еднакви делови и од секој дел направете топче. Оставете ги 10 минути да одморат.

Секое топче развлечете го со величина на чинија, четири од нив премачкајте ги со растопен путер и редете ги една врз друга и на крај ставете ја петтата кора ненамастена.

Потоа развлечете поголема кора со пречник од 45 см, од кој ќе исечете обрач од околу 2-3 см ширина. Преостанатиот круг исечете го на 16 еднакви делови/ тријаголници. 

Виткајте но не како кифлички, туку се оди рамно со едната страна од тријаголникот.

Редете во намастена тепсија со пошироката страна свртена кон ѕидот на тепсијата 26 см.

Обрачот исечете го на 4 еднакви делови, правете тужички и редете ги во средината од садот.

Оставете на топло да надојде, премачкајте со жолчка и наросете со сусам.

Печете на 200 степени, па кога ќе зарумени намалете на 180 степени и печете до крај, околу 45 минути.

Тестото можете да го замесите навечер а наутро само да го ставите да се пече.

Се остава во тепсија да надојде, се прекрива со проѕирна фолија и се остава во фрижидер на најниската полица.

Наутро се вади 30-тина минути на собна температура, се премачкува со жолчка, се наросува со сусам и е еднакбо добра како тукушто да сте ја измесиле.

Бидејќи тестото се замесува со млеко, при печењето брзо добива боја, па затоа кога малку ќе се запече и ќе добие боја, ставете алу-фолија или пек-хартија одозгора, но никако не притискајте, па продолжете со печење.

loading...