Ова е еден старински колач, вкусен, мирисен и мек како душа. Порано овој колач се приготвуваше речиси секој ден, но денес е малку подзаборавен. Се прави многу лесно од состојки кои веќе ги имате во кујна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1 прстофат сол, 150 г шеќер, 1 лажичка ванилин екстракт или 1 кесичка ванила (10 г), 100 мл масло за готвење, 150 мл овошен јогурт со вкус на ванила, кора од лимон, сок од еден лимон, 220 г брашно, 16 г прашок за печиво (1-1,5 кесичка)




ПОСТАПКА: Во посебен сад изматете ги јајцата со прстофат сол и една лажичка ванилин екстракт. Изматете со жица маталка додека да се изедначи смесата а шеќерот да започне да се растопува. Потоа додајте 100 мл масло.




Промешајте уште малку додека маслото целосно да се инкорпорира во смесата, а потоа додајте 150 мл овошен јогурт со вкус на ванила (ако немате во моментот може да искористите цврст јогурт или кисела павлака).




Изрендајте кора од лимон на ситната страна од рендето (количина по вкус), а потоа лимонот исцедете го, отстранете ги семките, а сокот додајте го во мешавината. Промешајте па додајте 220 г просеано брашно помешано со 16 г прашок за печиво.




Изматете со жица маталка додека да добиете мазна, хомогена смеса без грутчиња од брашното. Излејте ја во претходно подготвен калап со димензии 28х17 см, намастен и набрашнет на дното и ѕидовите. Распоредете рамномерно и израмнете.




Колачот ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 40 минути (најдобро е да проверите со чепкалка, ако излезе сува кога ќе го боцнете колачот, значи дека добро е испечен). Печениот колач оставете да подизлади, па превртете го врз десертна чинија и послужете го.