Отако ќе прочитате, ќе ви стане јасно зошто ја нарекуваат – најздрава житарица. Интегралните житарици сите се извонредно здрави, а секоја поединечно поседува уникатни својства кои се многу корисни за човекот.

Овојпат издвојуваме една житарица која стана популарна изминативе години, и тоа од оправдани причини. Киноата е вкусшност псевдо житарица, бидејќи се приготвува, консумира и содржи еднакви нутритивни вредности како и другите житарици, но всушност спаѓа во фамилијата треви.

Киноата е богата со многу минерали како што се магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум кои се неопходни за правилно функционирање на човековиот организам. Покрај минерали, содржи и голема количина на витамини и тоа од групата на Б компкес и витамин Е.

Исто така, содржи и голема количина на влакна, па поволно делува врз метаболизмот. Она што е важно да се спомене е дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од другите житарици кои содржат најмногу три, па поради ова, оваа билка се смета за суперхрана.

ОВА СЕ ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА КИНОАТА

Може да го регулира холестеролот. Високата концентрација од влакна која киноата ја содржи, помага за намалување на зголемениот холестерол. Впивачките влакна помешани со жолчната киселина се лачат во телото и го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол. Лицата кои патат од висок холестерол треба да го намалат внесот на животински протеини, а наместо нив да ја воведат киноата која е одлична замена.

ГО КОНТРОЛИРА КР ВНИОТ ПРИТИСОК

Познато е дека калиумот позитивно делува врз кр-вниот притисок. Киноата содржи најмногу калиум од сите останати житарици, а тој одржува здрав баланс помеѓу натриумот во органзмот, што понатаму може да влијае врз намалување на зголемениот притисок.

ПОМАГА ВО СЛАБЕЕЊЕ

Влакната и протеините кои ги содржи киноата ни даваат енергија, но и го одржуваат чувството на ситост, Покрај тоа, можат да го забрзаат метаболизмот и да ја регулираат работата на дигестивниот тракт.

МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ РИЗИКОТ ОД ДИЈАБЕТЕС

Впивачките влакна кои ги содржи киноата, може да го контролираат нивото на шеќер во кр-вта, а истото е докажано со студии. Благодарение на фенолната киселина, витаминот Е и полисахаридите, се спречуваат несаканите воспалителни процеси кои се поврзани со ризикот од појава на дијабетес тип 2.

КОЈ Е НАЈДОБРИОТ НАЧИН ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КИНОАТА?

Многу е важно да се запознаете со основните својства за готвење на киноата, за припремата на разните јадења со неа да ви стане полесна. За почеток најважно е киноата да ја измиете во ладна вода и да ја оставите добро да се исцеди.

Потоа следи варењето, при што соодносот според кој треба да се раководите е следниот, на две шолји киноа за варење да ставите две шолји вода. Измешајте и ставете го садот на оган за да зоврие.

Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и покријте го садот. Оставете да си крчка на пониска температура уште 12-15 минути или додека да ја впие целата течност. На крај, тргнете го садот од огнот и готовата киноа оставете ја да се излади, па сервирајте ја или комбинирајте ја соодветно во рецептот кој сте го избрале.

РЕЦЕПТ ЗА МЕДИТЕРАНСКА САЛАТА СО КИНОА

Потребни состојки: 1,5 чаша киноа семе, 3 чаши вода, 1/2 кафена лажичка сол, 1 голема краставица, 1 печена црвена пиперка, 50 г маслинки, малку свеж магдонос, 2 главици црвен кромид, шери домати или обични домати, 50 г сирење по вкус (фета, биено сирење, козјо, овчо или друг вид), а по желба можете да додадете и авокадо

Потребни состојки за преливот: 2-3 големи лажици маслиново масло, 1-2 големи лажици оцет балсамико, 1-3 чешниња лук (според вкус), 1,5 кафена лажичка мед, 1,5 кафена лажичка оригано, малку толчена црвена пиперка (буковец) по вкус и половина лажичка сол

Постапка: Ставете 3 чаши вода во сад за готвење и поставете го на жешка рингла. Почекајте убаво да се загрее водата, до вриење, па додадете го киноа семето (1,5 чаша). По неколку минути, намалете ја температурата и поклопете го садот. За убаво да се свари киноа семето ќе бидат потребни околу 15 минути.

По поминатото време, отворете го капакот и проверете дали водата е убаво апсорбирана. За да не ви се случи да добиете прекашеста содржина на салатата, по варењето добро е малку да го потпечете семето и потоа малку да отстои во фрижидер 10-тина минути.

Овој мал трик ќе обезбеди повкусна салата. Или пак, доколку мислите дека киноата ви е премногу влажна, ставете ја на цедалка добро да се исцеди од вишокот течност.

Подготовка на преливот: За подготовка на преливот, во еден помал сад ставете 2-3 големи лажици маслиново масло, 1-2 големи лажици балсамико оцет, лук, 1,5 кафена лажичка мед, 1,5 кафена лажичка оригано, малку буковец по вкус, малку сол, исто така по вкус.

Измешајте ги добро состојките додека целосно да се соединат. Исечкајте ги на поситни парченца сите останати компоненти: шери доматите, кромидот, краставицата, црвената пиперка, маслинките, сирењето и авокадото.

Кога сите составни елементи на салатата се подготвени за комбинирање, најпрво во поголем сад ставете го сечканиот зеленчук, маслинките и сирењето, потоа додадете го претходно зготвеното киноа семе, промешајте и на крајот го додадете го преливот. Вака подготвената салата или она што ќе ни остане, може да се чува во фрижидер до 3 дена.