Неверојатно добар рецепт за кифлички од лиснато тесто – брзо, вкусно и лесно. Запишете си го овој рецепт и испробајте го, ќе направите перфектни лиснати кифлички. Секому успеваат! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша млеко (250 ml), 1 лажица квасец, 1 лажица шеќер, половина лажичка масло, 1 белка од јајце, 1 лажичка сол, 4 чаши брашно (количината може да варира во зависност од брашното, додавајте по потреба). За да го премачкување на тестото: 100 г путер или маргарин. За премачкување на кифлите: 1 жолчка + 10 мл масло

ПОСТАПКА: Млекото загрејте го да биде млако, па во него растворете го квасецот и шеќерот. Оставете го квасецот да се активира, за што се потребни 5-10 минути.

Во поголем сад истурете го активираниот квасец, додајте половина лажичка масло, белката на собна температура и една кафена лажичка сол. Добро измешајте ги овие состојки.

Постепено додавајте брашно додека го месите тестото. Количината на брашно може да варира, па додадете онолку колку што ви треба за да добиете меко и еластично тесто кое не се лепи за раце.

Покријте го тестото со чиста крпа или фолија и оставете го на топло место 40 минити или еден час или додека тестото да се удвои во големина. Откако ќе нарасне тестото, развлечете го на набрашнета работна површина во форма на правоаголник.

Врз валаното тесто рамномерно намачкајте во тенок слој омекнат путер или маргарин. Започнете тестото да ги диплите како книга: прво од едната страна до средината, премачкајте па преклопете со другата страна.

Кога ќе добиете долг правоаголник, премачкјате го преку цела површина, па продолжете со диплење, така што на крај треба да добиете квадрат/коцка. Шокријте го со кеса/фолија и оставете да се стегне 20-тина минути во фрижидер. Потоа повторно развлечете голема кора.

Сега по желба пресечете го тестото на триаголници или ленти и свиткајте ги од широкиор кон тесниот крај за да добиете кифлички. Наредете ги кифличките на плех обложен со хартија за печење и оставете ги да одморат покриени уште 15-20 минути.

Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180°C. Пред печење, кифличките премачкајте ги со изматена жолчка за поубава боја. Печете ги кифличките во загреана рерна околу 20-25 минути или додека да поруменат.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „КРОАСАНИ ПОДОБРИ ОД КИФЛИ: Ги правам трипати неделно, ги јадеме за појадок, ручек и вечера“ – ОВДЕ.

КРОАСАНИ ПОДОБРИ ОД КИФЛИ: Ги правам трипати неделно, ги јадеме за појадок, ручек и вечера