Фото и рецепт: Danijela Coso – Нешто набрзина, колач „Најубави желби”.
Овој колач се прави навистина многу брзо, додека трепнеш. Може да се приготви со обично млеко и путер, а за посна варијанта се користи посен маргарин, сок од портокал или фанта/растително млеко или вода, по вкус…Одлично за посни слави.
Потребни состојки:
200 г путер/маргарин
2 лажици шеќер во прав
90 мл млеко/вода/сок
300 г мелени бисквити
200 г желе бонбони/крем банани/кандирано овошје
чоколадна глазура по избор
Постапка:
200 г путер оставете го на собна температура, па откако ќе попушти пенасто изматете го со 2 лажици шеќер во прав. Додека матите постепено додадете 90 мл млеко и соединете.
Во смесата додадете 300 г мелени бисквити (било кои кекси по ваш избор). Промешајте, па додадете 200 г сечкани желе бонбони. Наместо желе, може да додадете сечкани крем банани или кандирано овошје, секој по свој вкус.
Откако со рака ќе ја измесете и ќе ја изедначите смесата, ставете ја во калап или формирајте ваљак-салама. Свиткајте во проѕирна фолија и оставете во дрижидер да се стегне.
Потоа извадете и по желба прелијте со чоколадна глазура. Јас користев чоколадо растопено со малку масло. Оставете глазурата да се стврдне, па сечете на парчиња со големина по ваша желба.
Фото и рецепт: Danijela Coso