Заврши летото и уште малку па ќе започне сезоната на славите. Ако сакате да се докажете како врвна домаќинка, време е отсега полека да започнете со осмислување на специјалетите со кои ќе ја збогатите вашата трпеза.

Ситните колачи се задолжителни речиси на секоја свечена трпеза, а овие мини сникерс колаченца на сите ќе им станат омилени. Имаат крцкава тенка коричка од плазма и кикирики, полни се со карамел и прелиени со чоколадо.




Овие вкусни ситни колачо ќе ја украсат секоја свечена трпеза, а можат да се јадат и секој ден. Не мора да станува збор за слава или друга свечена пригода, едноставно доколку сакате себеси да си го разубавите денот и да се засладите со нешто убаво, направете ги овие брзински вкусни колачи. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г печени кикирики, 200 г плазма кекси, 2 супени лажици какао во прав, 1 супена лажица путер, 250 г темно чоколадо, 30 г млечно чоколадо за декорација и фил од карамел кој може да биде купечки или сами да си го направите, а може да користите и карамелен пудинг.




ПОСТАПКА: Кикириките испечете ги во рерна колку да пуштат мирис, оладете ги и сомелете ги. Измешајте ги со мелената плазма (или бисквити по ваш избор) и просеано какао во прав. Добро измешајте па додајте омекнат путер на собна температура.




Соединете го путерот, па додајте 200 г чоколадо претходно растопено на пареа. Скинете долгнавесто парче проѕирна фолија или кеса, па ставете неколку лажици од добиената смеса која е малку ронлива, но сепак може да се соединува под прсти.




Обликувајте тенка кора со помош на рацете во вид на правоаголник. Преку средината ставете малку карамел или карамел пудинг (се набавува од големите супермаркети, а упатството за приготвување како и кај секој пудинг го пишува на амбалажата).




Потоа соединете ги краевите кон средината и малку валајте го ролатот да добиете еден вид тенка саламичка-валјак. Постапката повторете ја и на истиот начин пригответе 3 или 4 валјаци, добро затворени со фолијата на краевите.




Валјаците ставете ги во фрижидер да се стегнат добро, најмалку еден час. Потоа отстранете ја фолијата и ролатчињата ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Прелијте ги со 50 г растопено црно чоколадо, а потоа прошарајте ги со растопено млечно чоколадо. Деталите погледнете ги ОВДЕ.