Совршен викенд десерт кој не треба да го пропуштите. Неодоливото вкусно тесто се приготвува од состојки кои сигурно веќе ги имате во кујна. Многу брзо и лесно се приготвува, бидејќи нема потреба од чекање тестото да стасува.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 големо јаболко, 1 јајце, 30 г шеќер, 3 супени лажици масло, 80 мл млеко, 150 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (8-10 г), 40 г суво грозје, ситно рендана кора од еден лимон




ПОСТАПКА: Јаболкото измијте го, излупете го и исчистете го од семките, а потоа исечкјате го на ситни коцкички. Во посебен сад едно цело јајце пенасто изматете го со 30 г шеќер, додека шеќерот започне да се растопува. Може да се мари со рачна-жица маталка.




Потоа додајте три супени лажици масло, повторно промешајте и соединете, до додајте го млекото. Повторно соединете. Брашното просејте го заедно со прашокот за печиво, па матете сè додека да добиете мазно тесто без грутчиња.




Во тестото додајте суво грозје (претходно можете да го натопите во рум, во сок од портокал или вода колку да се хидрира, но и не мора), ситно сечканото јаболко и ренданата кора од лимон (или од портокал).




Промешајте за да се изедначат рамномерно сите состојки во тестото. Во широка тава загрејте длабоко масло (2 см) на средно-умерена температура, па со лажица црпете од смесата, а со друга лажица или виљушка спуштајте во маслото.




Пржете ги по неколку минути од двете страни додека да добијат убава златна боја. температурата на маслото регулирајте ја, не смее да биде многу врело бидејќи пребрзо ќе се испечат, а во средината ќе останат „живи“.




Вадете ги со виљушка или решеткаста лажица врз хартиена салветка. Кога ќе се оладат одозгора наросете ги со шеќер во прав. Деталите од целата постапка за приготвување погледнете ги во видеото ОВДЕ.