НЕОБИЧНА ПОСНА ПИТА: Не можеш да престанеш да јадеш, сите ги воодушеви брзината со која ја направив

Оваа необична посна пита е навистина посебна. Толку лесна постапка, а за толку вкусна пита, вреди уште веднаш да си ја направите. Сега кога се последни денови од големиот пост, завpшете ги со нешто фино, но многу вкусно.




Секако оваа пита може да ја правите и во мрсна варијанта и после Божиќ, но нема да се покаете ако ја направите уште сега. Од неколку состојки, одозгора изгледа прекрасно завиткана, а одвнатре е вистински „џумбус“ од вкусови.




Потребни состојки: 1 пакување готови посни кори за пита, 1 мала лажичка сол, 200 мл масло, 1 кесичка прашок за печиво, 400 мл газирана вода, 4 супени лажици брашно и неколку лажици ајвар од моркови.




Постапка: Питата се подготвува од ајвар од моркови, но ако немате таков може да ја правите и со обичен, подеднакво е вкусна. Во еден сад ставете ја газираната вода и додајте го маслото. Малку промешајте.




Потоа додајте го брашното, прашокот за печиво и солта. Јас додадов 1 мала лажичка сол бидејќи во ајварот исто така има сол, така што според тоа одредете ја количината на сол која треба да ја додадете.




Измешајте ја смесата и земете ги корите. Најпрво издвојте 4 кори за на страна кои ќе ви бидат потребни за подоцна. Другите кори завиткајте ги во ролат и исечете ги на тенки ленти, како што е прикажано на сликата и на видеото подолу.




Во плех со средна големина премачкајте го со малку масло и ставете две кори одозгола. Краевите може малку да ги изгужвате. Потоа ставете од ситно сечканите кори кои потребно е да ги поделите на 3 еднакви делови.




Одозгора ставате малку од течната смеса. Потоа повторно ставате кори, па течната смеса и редите преку целата површина неколку лажици ајвар и рамномерно распоредувате.




Одозгора ставате повторно од сечканите кори, преливате со течната смеса и завршувате со последните 2 цели кори кои претходно ги издвоивте настрана. Преливате со преостанатиот фил, добро ги вметнувате краевите од кората во тавата и сечете.




Питата се сече на средни коцки, а потоа се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 30 минути односно додека да порумени одозгора. Деталите од целата можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаФЕНГ ШУИ: За да ви биде семејството среќно и здраво – елката мора да стои на ова место во куќата
Следна статијаПИЈТЕ ПО 1 ЧАША ОД ОВОЈ НАПИТОК, 15 МИНУТИ ПРЕД ЈАДЕЊЕ: Ќе заборавите на вишокот килограми