Потребни состојки:

570 г рендано чоколадо по желба

120 млкондензирано млеко (1 конзерва)

По желба: ореви, бадеми…

Постапка:

Ставете го чоколадото и кондензираното млеко во сад, па потоа во микробранова печка.

Прво вклучете на 60 секунди, па извадете и промешајте, вратете во микробранова на уште 60 секунди, па повторно извадете и промешајте.

Ако чоколадото не е целосно растопено, тогаш вратете во микробранова на уште 30 секунди.

Тепсија 20х20 (8х8) обложете со фолија, подмачкајте со малку масло и истресете ја врелата смеса. 

Оставете да се стегне во фрижидер најмалку еден час или најдобро преку ноќ.

Потоа истресете врз даска па со нож исечете коцки.

Затворено во кутија може да стои и до 2 седмици.