Било каква главоболка може да ви го уништи денот, а силната главоболка и повеќе денови. Еве што ви недостига во организмот и што ги предизвикува овие страшни болки.
Силните главоболки се зачестена појава меѓу луѓето, а најлошо е кога не помага ниту еден лек. Дали знаевте дека со помош на исхраната можете да ги елиминирате сите видови главоболки, па дури и мигрената?
Мигрените се исклучително силни главоболки кои често се повторуваат, главно на едната страна од глчавата. Типичен симптом е пулсирачка болка која постепено се влошува.
Мигрената е проследена со мачнини и проблеми со видот. Аура е невролошки симптом кој ја следи мигрената најчесто во облик на визуелни пореметувања.
Мигрените со аура вклучуваат и вкочанетост и пецкање во рацете и нозете, бодежи во мускулите како боцкање со игли, слабост во едната страна од телото и вртоглавица.
Понекогаш говорот и слухот се ослабени. Аурите обично се јавуваат од четири до 72 часа пред нападот на мигрената. Пациентот чувствува мачнина, повраќа и има дијареа. Од 70 до 90% од нив имаат мигрена со аура која се јавува неколку пати седмично. Мигрената, меѓутоа, мора нешто да активира.
Американските научници тврдат дека мигрената во голема мера може да се спречи, бидејќи таа е причинета поради недостиг на одредени нутриенти.
Повеќето од половината видови мигрени, како и главоболките кои се последица од труење со тешки метали, се предизвикани од недостиг на витамините Б и Д.
Истражувачите најпрво, пред неколку години трагале по врската помеѓу овие витамини и мигрената, а потоа и докажале дека со надополнување на овие витамини и чистење на организмот од токсичните метали, главоболките кај некои пациенти целосно исчезнуваат или значително се намалува нивната зачестеност.
Научниците од клиниката Мајо прво одредиле некои од предизвикувачите на тешки главоболки.
Тоа се хормоналните промени кај жени, нездрава исхрана, прескокнување на оброци, адитиви од намирниците, вино и пијалаци со кофеин, стрес, силна светлина и звуци, промени во режимот на спиење, психичко напрегање и промени во воздушниот притисок, лекови како што се орална контрацепција и нитроглицерин.
Најмногу биле испитувани мигрените предизвикани од дефицит на нутриенти кои може да спречат.
Недостигот на витамин Б во организмот, особено витамин Б2, Б6 и Б12 дефинитивно предизвикува мигрена. Студијата од 2004 година утврдила дека висока доза на витамин б2 е ефикасна превентива за мигрена.
Кај учесниците од студијата кои земале дневна доза витамин б2, попознат како рибофлавин, бројот на нападите бил преполовен. Ова истражување покажало дека и земањето на најмалку 400 мг витамин Б2 дневно, значително го намалува ризикот од појава на мигрена.
Студија од 2009 година открила дека витамините Б6 и Б12 можат да ја намалат јачината на болката при мигрена, но и дека мигрените во тие случаи поретко се појавуваат.
Недостигот на витамин Б предизвикува оштетување на крвотокот во мозокот, што може да биде причина за главоболка.
И недостигот на витамин Д се наведува како еден од главните предизвикувачи на главоболка. Овој витамин е одговорен за апсорпција на сите нутриенти неопходни за функционирање на организмот. Без доволно витамин Д можете да изгледате потхрането, иако се храните редовно.
Истражувањето од 2008 година открило дека речиси 425 од сите мигрени потекнуваат од недостиг на витамин д. Овој витамин има антивоспалителна способност со што го намалува воспалението на нервите и крвните садови во мозокот, со што ги спречува мигрените.
Витаминот Д има аналгетски ефект, па и ако дојде до мигрена, таа ќе биде со значително помал интензитет. Значи, консумирањето на витамин Д истовремено ја намалува зачестеноста на мигрената како и јачината на болката.
Првите симптоми за токсичност со тешки метали во организмот, како што се олово, арсен, жива, хром.. е токму мигрената. Иако организмот може да функционира со трагови на овие метали во него, кога нивото на отрови ќе дојде до одредена граница, се јавуваат мигрените.
Студијата направена на Универзитеот Јузунка Јил во Турција, покажала дека пациентите кои боледуваат од мигрена имаат прекумерно ниво на кадмиум, железо, олово и манган во организмот.
Многу од овие метали предизвикуваат недостиг на кислород во мозокот, што се манифестира преку мигрената.
Со минимална корекција на животниот стил и исхраната, како и со дополнителен внес на витамини Б и Д, може да се избегне мигрената.
Намирници кои се богати со витамин Б се млечни производи, зелено лиснат зеленчук, месо од живина, банани, говедско и школки.
Витамин Д можете да добиете со умерено изложување на сонце, но и ако јадете масна риба, печурки и млечни