Гламурозна пита со спанаќ – рецепт

Рецепт и фото: Виолета Андреева

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За фил:

Loading...

2 јајца
160 г путер / маргарин
1 мала лажичка сол
400 г рендано сирење
½ кг спанаќ

За тесто:

1 кг брашно
1 квасец
1 јајце
½ литар млеко
3 мали кафени филџани масло
2 супени лажици шеќер
1 супена лажица сол

И уште малку млеко за потурање

НАЧИН НА ПОСТАПКА:

ФИЛ:

1.Со миксерот изматете две јајца со 160 г путер и сол.
2.Потоа додадете околу 400 г рендано сирење и 500 г сечкан спанаќ.

ТЕСТО:

1.Замесете меко тесто од наведените состојки со претходно активирање на тестото.
2.Поделете на 4 делови и од секој дел развлечете кора со димензии 40х25 см
3.Нанесете од филот и свиткајте во ролат.

4.Исечете кифлички со дебелина 1,5 см.
5.Редете во плехот врз хартија за печење исто како на фотографијата.

6.Премачкајте со жолчка, наросете со сусам, оставете да надојде и печете на 200 степени додека да порумени.

ВАЖНО:

7.После печењето додека питата е се’ уште врела во плехот, полијте со малку млеко (по 1 супена лажица на неколку кифлички) и оставете да се исуши.

Loading...