Не ви требаат рендиња и ножеви…Професионалците вака ја сечкаат зелката за совршена салата…
Покрај тоа што е вкусна, лесно се подготвува, но се чини дека единствениот проблем е сечењето на зелката.
Можеби сте слушнале за овој метод на сечкање, но можеби и не… Имено, професионалните готвачи ја открија својата тајна за најмеката салата од зелка:
За да исечкате зелка за салата која ќе биде совршена, треба да примените едноставна техника и да заборавите на класичното ренде или големите ножеви за сечење зелка. Сѐ што ви треба е лупач за зеленчук.
ДАЛИ ВО САЛАТАТА ОД ЗЕЛКА ПРВО СТАВАТЕ МАСЛО ИЛИ ОЦЕТ? Да, редоследот и тоа како е важен….
Зелката најпрво пресечете ја на половина, а потоа на четвртинки. Ставете четвртина главица зелка на даска, земете лупач за зеленчук и повлечете ја горе-долу внатрешноста на зелката.
Салатата ќе се сече подеднакво, зелката ќе биде тенка и затоа добро ќе ги впие сите зачини или готовиот прелив. Покрај тоа, работата ќе се заврши брзо, а домаќинката нема да мора да вложи многу труд за да ја подготви салатата.
За салатата да биде што повкусна, задолжително додајте малку шеќер заедно со сол, стандардно – масло и оцет, но и малку вода.
Убаво измешајте ја салатата и оставете ја да отстои петнаесетина минути пред да ја послужите со главното јадење.
Благодарение на водата, зелката дополнително ќе омекне, а шеќерот ќе го „подигне“ солениот вкус, па салатата ќе биде неодолива.