Не го читајте овој пост доколку сакате да пеглате! Сè уште читате? Во ред, тогаш ќе ви откриеме неколку испробани совети од Гоpење кои ќе ви помогнат да го намалите времето што го поминувате правејќи ја оваа напорна работа, пишува НМД.




Не ја преполнувајте машината за перење. Да бидеме искрени, сите ние го правите тоа речиси редовно. Без разлика на причините за тоа, резултатот од тоа е понеиспрани и изгужвани алишта.




Можеби ќе откриете дека голем дел од дамките не се испрале како што сте планирале, а целата облека се заплеткала, па дури и оштетила. За да го одбегнете ова, секојпат внимавајте да има доволно простор во машината за перење, за да може облеката да циркулира внатре и поубаво да се истретира.




Не ги заборавајте алиштата. Многу е важно, штом заврши програмот за перење да ги извадите влажните алишта. Со долго стоење во влага и топлина не само што можат да добијат непријатен мирис, туку алиштата веќе ќе бидат премногу изгужвани.




Тресете ги алиштата. Откако ќе ги извадите алиштата од машината, додека сè уште се влажни добро истресете ги неколкупати. Потоа закачете ги на жицата за сушење. А, доколку сакате да го одбегнете пеглањето на трагите од штипката, обесете ја облеката за најцврстиот дел од ткаенината.




Користете коцки мраз. Ставете ја изгужваната облека во машината за сушење заедно со неколку коцки мраз. Поставете ја машината за сушење на најжешката поставка што ќе ја дозволи вашата облека (според видот на материјалот) и вклучете ја да работи 15 минути.




Пареата од топењето на коцките мраз ќе помогне да се ocлободите од наборите лесно и брзо. Или изберете машина за сушење со технологија на пареа која не само што ги измазнува влакната туку и ги eлиминиpa алергените.




Туширајте се долго. Немате време за пеглање? Само закачете што сакате да облечете во бањата додека се туширате со топла вода и оставете ја пареата да направи магија. Можете исто така да наполните шише со спреј со вода, да ја испрскате изгужваната облека и да ја закачите или да ја поставите рамно. Наборите ќе иcчезнат додека водата се суши.




Направете селекција. Вашата баба може да се намурти на оваа идеја, бидејќи најверојатно нема да ја одобри. Но, размислете кои алишта навистина треба да се пеглаат. Кошулата што ја носите на работа? Дефинитивно! Крпи и постелнина? Не мора.




Ако ги перете на висока температура и не сте сензитивни на некои од состојките во прашоците за перење алишта што бара задолжително пеглање, тогаш не мора да ја пеглате постелнината. Селекцијата и отстранувањето на некои работи може да ви заштеди часови пеглање.




Направете го тоа забавно. Понекогаш едноставно не можете да ја избегнете досадната пегла, но барем можете пеглањето да го направите што е можно попријатно. Запалете миризлива свеќа, ставете си чаша вино и вклучете ја вашата омилена емисија. Тој куп алишта ќе исчезне порано отколку што мислите.