Мајонез, газирана вода и брашно се перфектна комбинација за тесто, а ова неодамна го дознав кога ги јадев најубавите пишии кај една пријателка. Таа ги нарече „пишии“, а јас мислев дека се „теганици“, па вие како сакате наречете ги.

Се изненадив од состојките со кои се замесува тестото, но откако го испробав рецептот често ги правам. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша газирана вода (200 мл), 1 супена лажица шеќер (16 г), 1 чајна лажичка сол (4 г), 1 јајце, 2 супени лажици/40 г растопен путер (стопен на тивок оган и подизладен), 3 супени лажици мајонез (48 г), 3,5 чаши брашно (420 г или по потреба), масло за пржење




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете шеќер, сол, јајце, растопен путер и мајонез. Добро изматете со лажица или жица-маталка додека да се изедначи смесата. потоа, во течните состојки започнете постепено да го додавате брашното.




Мешајте со лажица додека брашното се впива во течноста, а потоа замесете со рака. Добро измесете го тестото (за што се потребни неколку минути) додека тоа да стане мазно, еластично и да не се лепи за рака. По густина е средно меко.




Тестото формирајте го во топка и оставете го садот да одмори 10-тина минути, покриено со кеса за да не се суши. Потоа истресете го врз малку набрашнета работна површина и поделете го на 11 приближно еднакви делови (не треба да се премесува).




Формирајте топчиња и наредете ги врз наросена со брашно површина и покријте ги со кеса додека одмораат 5-10 минути. По изминатото време можете да го земете првото топче и со помош на оклагија да го развлечете во тенка кора со големија на средна чинија.




По потреба наросувајте малку брашно додека ги развлекувате корите за да не се лепат на оклагијата или на подлогата. Покријте ги повторно со кеса, а по 2-3 минути можете да ги пржите.




Спуштајте ги во врело масло, загреано на умерена температура која треба да ја регулирате. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека да заруменат. редете ги една врз друга, а доколку сакате да ви бидат меки, тогаш ставајте ги во тенџере во капак (од топлината ќе омекнат). Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.