Ако имате дома три банани и една рака ореви, не чекајте и направете го овој превкусен колач, нема да се покаете. Сите останати состојки кои се потребни за колачот, веќе сигурно ги имате во кујна.

Во оригиналниот рецепт се пече во калап за ролати или леб, значи долнавес, тесен и длабок, но вие можете да го печете и во калап за куглоф или некој друг помал калап по ваш избор. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 банани, сок од половина лимон, 60 г шеќер, 30 г путер, 50 г ореви, 2 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер (1 супена лажица/8-10 г), 60 мл растително масло за готвење, 120 мл млеко, 200 г брашно, 15 г прашок за печиво (1 – 1,5 кесичка) и шеќер во прав за наросување на колачот




ПОСТАПКА: Излупете ги бананите и исечкајте ги на тенки тркалца. Одозгора наросете ги со лимонов сок за да не потемнуваат.




Во сува тава ставете 60 г шеќер и загревајте на тивок оган додека да се растопи. Не мешајте додека поголемиот дел не се растопи. Кога шеќерот ќе се карамелизира, промешајте и додајте 30 путер. Мешајте со лажица/шпатула додека тој да се растопи и да се соедини со карамелот.




За цело време контролирајте го огнот, не смее да биде премногу силен. Во карамелот додајте ги сечканите банани и со непрекинато промешување пржете ги пет минути. Внимателно мешајте со шпатулата за да не ги изгмечите бананите. Пред крајот додајте ги оревите (50 г), промешајте и тргнете настрана да се лади.




Во посебен длабок сад скршете две јајца, додајте 10 г ванилин шеќер и изматете пенасто со жица маталка. Потоа додајте 60 мл масло за готвење, па повторно промешајте. Најпосле додајте 120 мл млеко, па повторно изматете додека да се добие изедначена смеса.




Во мешавината од течно состојки додајте просеано брашно (200 г) помешано со 15 г прашок за печиво. Мешајте со маталката додека сите состојки да се поврзат и да добиете густа и мазна смеса без грутчиња. Во смесата додајте ги пржените банани со ореви и уште еднаш промешајте.




Калап за леб со димензии 28х11 см намастете го со путер и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Распоредете ја смесата во подготвениот калап, протресете и израмнете, па ставете да се претходно загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.

Печениот колач оставете малку да се подизлади, превртете го од калапот, а одозгора наросете го со шеќер во прав. Сечете го на парчиња и послужете го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.