НЕ СЕ ПЕЧЕ И ИМА ВКУС НА НАЈДОБРИОТ СЛАДОЛЕД: пишкотите премачкајте ги со 2 состојки за овој кремаст вкус

Кога ќе помислам на некој убав десерт, овој рецепт веднаш ми доаѓа во мислите. Толку е вкусно, има вкус на сладолед и си го правам редовно. Состојките лесно се памтат, така што нема да ви треба ливче за да си го запишете рецептот.




Базата се бисквити/пишкоти, а кремот се прави со маскарпоне. Потоа уште неколку лажици вода, какао и малку кафе, па добивате совршена фантазија на трпезата. Без печење, aлал да ви е ако издржите додека се лади во фрижидер, јас не ycпеав. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 13 долги бисквити (пишкоти), 1 голема лажица инстант кафе, 300 мл топла вода, 150 мл блага павлака (хопла за колачи и торти), 1 кесичка ванилин шеќер, 200 г маскарпоне, уште малку какао за наросување.




ПОСТАПКА: во една чаша или подлабок сад ставете 1 лажичка инстант кафе (нескафе) и прелијте со 300 мл врела, зовриена вода. Измешајте со лажица и оставете настрана да се олади. Во друг сад ставете ја благата павлака и изматете ја пенасто со миксер.




Кога ќе почне да згуснува додајте 1 кесичка ванилин шеќер и продолжете да миксате додека постепено ја зголемувате јаичината на миксерот. Во кремастата смеса која треба да има густа конзистентност постепено започнете да го додавате маскарпонето додека да го потрошите целото.




Додавајте лажица по лажица и матете истовремено со миксерот до соединување во фин, едноличен крем кој нема да се разликува на одделни места дека се прави од 2 еазлични состојки. Тортата може да ја правите со бисквити или пишкоти, иако оригиналниот рецепт е со пишкоти.




Во длабока молда, правоаголна со димензии 28х11 см започнете да ги редите пишкотите кои претходно треба да ги натопувате во изладеното кафе. Со овие димензии на садот, кај мене собира по 3 пишкоти во 1 ред, на двапати. Може да користите сличен сад со приближно исти димензии, нема да го промени вкусот.




Врз првиот ред пишкоти се реди 2-3 супени лажици од белиот крем и добро се измазнува со шпатула додека да се покријат пишкотите. Одозгора продолжувате со редење на втор ред од натопените пишкоти и на крајот повторно премачкувате со вторта половина од шлагот.




Наросете го колачот со какао за помалку горчив вкус и ставете во фрижидер да се стегне најмалку 2 часа. Тортата се послужува на тенки парчиња. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ: После овој сируп, дома никој не настинува, вкусен како сок
Следна статијаЛАДНА БАКЛАВА: Се прелива со млеко и се наросува со какао, полесна е од пердув