Не само што е многу евтина и брза, туку е и многу вкусна – гибаница од само 3 состојки

Доколку немате многу време, а сакате да приготвите нешто вкусно, притоа брзо и едноставно, тогаш оваа гибаница од само три состојки е одлично јадење кое може да го замени и ручекот.

Заситна е, ќе ви заштеди пари и време, а ќе ви ги наполни стомаците. Запишете си го рецептот.

Потребни состојки:

Loading...

500 г кори за пита
6 јајца
1 литар јогурт
1 лажица сол
малку масло за намастување на тепсијата (30 см).

Постапка:

Изматете ги јајцата со миксер малку да запенат. Додадете јогурт (оставете 3-4 лажици за премачкување). Измешајте ги јајцата и јогуртот. Намастете ја тепсијата. Ставете еден лист и уште еден врз него, попречно. Потоа земајте по половина кора, па згужвана натопувајте ја во смесата и редете во тепсија.

Не ги притискајте една врз друга, но редете ги да биде пополнето а не стиснато. Исто така, не штедете на фил. Кога ќе направите еден ред, земете една кора и поделете ја на 3 дела, не мора прецизно. Малку згужвани наредете ги тука-таму врз натопените кори.

Продолжете со натопување и редење врз овие суви кори. Овие суви кори се ставаат за да впијат малку од филот. Оставете една за горе. Ако ви остане фил прелијте го преку згужваните кори. Поклопете со корите кои висеа од страна, ставете ја последната кора и премачкајте со јогурт.

Печете на 200 степени најмалку половина час. Кога ќе зарумени гибаницата покријте ја со хартија и печете уште 10 минути. Како прилог со гибаницата може да послужите кисело млеко – тоа е совршена комбинација. Исто така, ако почекате малку да подизлади, уште повеќе ќе уживате во вкусот.

Kuvajmoblogovski.com

Loading...