Зимска салата од моркови и лук
Оваа зимска салата од моркови и лук е идеален избор за секој што сака брзо, економично и вкусно решение за зимницата.
Со едноставни состојки и лесна подготовка, оваа салата е совршен додаток на секое јадење, носејќи свежина и арома на вашата трпеза во текот на зимските месеци, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2 кг моркови
– 1 врзоп магдонос
– 1 главица лук
– 200 мл оцет
– 80 мл масло
– 2 лажици сол
– 2 лажици шеќер
– врела вода
– НМД
Постапка:
1. Излупете ги морковите, отстранете им ги краевите и сварете ги во вода додека да омекнат. Оставете ги да се оладат.
2. Оладените моркови исечкајте ги на кругови или коцки, според ваш избор.
3. Исчистете ја главицата лук и крупно исечкајте ја.
4. Измијте го магдоносот, потопете го во вода со сода бикарбона околу еден час, исплакнете го и ситно исечкајте го.
5. Во голем сад измешајте ги морковите, лукот и магдоносот. Додајте оцет, масло, сол и шеќер, па сè убаво промешајте.
6. Подгответе чисти тегли и наполнете ги со салатата. Долејте малку врела вода во секоја тегла, внимавајќи да не ги преполните.
7. Капаците избришете ги со хартија натопена во оцет за да се обезбеди чистота. Користете нови капаци или проверете дали старите се чисти и без ‘рѓа.
8. Затворете ги теглите и ставете ги во рерна загреана на 100 °C. Пастеризирајте 20 до 30 минути.
9. По пастеризацијата, оставете ги теглите да се оладат во исклучена рерна до следниот ден или завиткајте ги во ќебе за постепено ладење.
10. Чувајте ги теглите на ладно и темно место.
Оваа салата е одличен избор за зимските месеци, совршено надополнувајќи ги сите јадења со својот богат вкус. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































