Кога имате вишок слободно време, искористете го истото за креативно творење. Потребни ви се камења со различна големина, по можност со мазна површина, неколку бои или лакови за нокти, фломастери или други пенкала во боја.
Камчињата што ќе ги соберете од вашиот двор или кои сте ги сочувале од минатогодишното летување, измијте ги добро и исушете ги.
Насликајте ги според вашите креативни идеи, а потоа откако ќе се исуши бојата, одозгора премачкајте ги со безбоен лак. Ова може да интересна забава и за вашите деца, исто така.
Погледнете неколку идеи од галеријата подолу: