Ако сакате нешто необично во својата градина, еве еден необичен предлог, но со многу ефектен резултат!

Потребна ви е една дрвена кутија со околу 19 дупки. Можете да искористите стари палети. Наполнете со еден слој земја, материјал за дренажа и започнете со садење на вашето омилено цвеќе.

Во овој случај тоа се петунии. Ставете уште еден слој земја и така продолжете до врвот. Проследете ги фотографиите до крај, ќе бидете воодушевени.

Инспиративни идеи за уредување на мини градина на вашата мала тераса – погледнете

Без разлика на тоа колку е мала вашата тераса, со некои смели и паметни идеи можете да имате вистинска мини оаза на отворено.

Нема подобро место од градината за уживање во сонцето и свежиот воздух. Кога говорима за градина, веројатно прво што ви паѓа на ум е голем тревник, бујно цвеќе и преубави водени површини, како и удобни градинарки клупи и уште многу детали.

Но, за оние кои живеат во мал стан тоа е малку потешко да го остварат. Меѓутоа, не треба да се откажувате од сонот да имате своја градина, иако не живеете во куќа со двор – не ја заборавајте вашата тераса!

Всушност, постојат многу инспиративни идеи за градини на тераса од кои можете доста на научите. Без разлика на тоа колку е мала вашата тераса, со некои смели и паметни идеи можете да имате мала оаза на отворено.

Прекрасни саксии со цвеќе, одлични ткаенини, украсни перници и ообоени подови може да направат вашата балконска градина да изгледа шарено и живо.

Ако имате слободен простор, таму можете да ставите и мала висечка лежалка или удобна софа. Тогаш можете целосно да уживате во слободното време.

Навечер симпатичните фенери за свеќи ќе ја направат вашата мини градина томантична и таинствена. Погледнете ги следните примери, можеби нешто ќе ви се допадне како идеја: