Влошките за детоксикација за првпат беа применети во Јапонија. Се поставуваат на табаните пред спиење, а наутро кога ќе ги извадите, ќе забележите дека опасните отрови кои ги извлекле преку стапалата ги потемнеле самите влошки.

Овие влошки се носат на стапалата бидејќи помагаат крвта полесно да циркулира до остатокот од телото и до сите периферни делови. Бидејќи повеќето луѓе денес не се движат доволно и речиси сите имаат слаба циркулација особено во нозете, околу глуждовите и стапалата, овие влошки добро ќе им дојдат.

Позитивните ефекти на овие влошки се следните:

-ќе се чувствувате помалку уморно

-ќе немате болки во зглобови

-ќе имате значително помалку главоболки

Овие влошки можете сами да си ги направите и тоа на следниот начин.

Потребни состојки:

-кромид

-лук

-вода

-фластер или самолеплива газа

-чорапи

Постапка:

Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, потоа ставете ги во зовриена вода и оставете да се вари 10 минути.

Потоа оставете ја смесата да излади околу 20-тина минути. Потоа процедете и кромидот ставете го на средината од газата, но внимавајте да ја натопите премногу ткаенината.

Влошките поставете ги на средината од табаните, фобро фискирајте да не ви се изместуваат, облечете чорапи и легнете на спиење. Резултатите наутро ќе ве изненадат.