Една домаќинка од групата „Мајки Домаќинки“ (Mums Who Clean) сподели фотографии од јорганот откако решила да го испере според нов метод кој некаде случајно го прочитала. Таа истакнува дека е многу непријатно изненадена од нечистотијата која излегла од јорганот.

Таа напоменува дека е многу изненадена од ова, бидејќи јорганот релативно често го одржувала. Имено, Сара од Австралија потенцираше дека редовно ги пере своите прекривки, постелнината и јорганите во машина за перење и тоа на вообичаениот програм.

Меѓутоа, овојпат решила длабински да ги испере кога случајно наишла на едноставен совет за ова. Во препораката пишувало дека не е доволно јорганите само да се стават во машина за перење и да се поминат низ програм од 40-60 минути. За да излезе сета нечистотија, потребно е подолго време – пишувало во советот.

Методот всушност е многу едноставен и многумина како Сара ќе си помислат дека „не е ништо посебно.“ Сè што е потребно да се направи е да наполни кадата со врела вода, да се натопи во неа јорганот и да се остави да отстои неколку часови, најдобро 3-4 часови.

Потоа, испуштете ја оваа вода и оставете го јорганот да се процеди колку може повеќе, бидејќи од влажноста ќе биде уште потежок. Дури потоа можете да го ставите во машината за перење на вообичаениот програм, да ги испере остатоците од нечистотијата.

Кога перењето е готово, ставете го јорганот на сушење. Сара иако била скептик на почетокот, сепак одлучила да го направи ова, а од резултатот буквално била затечена. Имено, таа воопшто не очекувала дека толку многу нечистотија ќе излезе од нејзиниот јорган.

Водата во кадата буквално станала сивокафеава, дури црна после киснењето на јорганот и ова буквално ја згрозило.

„Јорганите ги перам еднаш месечно во машина за перење алишта, но овој месец одлучив да го испробам овој метод. После само половина час забележав дека водата стана толку многу валкана, што од глетката ми се превртеа цревата во стомакот. Дури се засрамив.

Ова навистина е одвратно. Згрозена сум, но морав да го споделам ова со сите вас. Не можам да си поверувам под што сум спиела“, напиша Сара покрај фотографиите кои ги објави. Резултатот на крајот е сосем чист јорган!

Бројни корисници се огласија и истакнаа дека и самите го спровеле овој метод и наишле на слични резултати, и никому не му е јасно, како е ова можно и покрај редовното перење на јорганите. Совет: во топлата вода за киснење може да додадете прашок за перење или сода бикарбона.

II Ми кажаа да направам вака, а после почнаа да испаѓаат цели парчиња нечистотија од машината за перење

Од машината излезе еден куп нечистотија откако го испробав овој трик за нејзино чистење. Резултатите ме оставија без зборови.Редовно ја чистам машината со оцет, но дури кога го пробав ова, видов всушност какви се гадости се кријат во мојата машина за перење алишта.

Во Фејсбук групата “Mums who clean” една жена сподели фотографии од своето откритие, а жените од групата истовремено беа и згорзени, но и самите едвај чекаа да го испробаат овој метод за чистење на машината за алишта.

“Верувале или не, само седум дена пред ова ја пуштив машината како и секогаш да сврти еден програм за чистење со оцет и топла вода. Секогаш мислев дека тоа е доволно, но потоа ми кажаа за овој трик со таблета за машина за садови. Одлучив да го пробам” – вели оваа мајка.

Трикот, како што вели таа, се состои во тоа што, манесто детергент за перење алишта, се става таблета за садови и се пушта машината на си го одработи циклусот. Ќе забележите купишта нечистотија за која не сте ни знаеле дека ја имате во машината.

“Барабанот ми блеска како никогаш порано, а во водата која ја пуштив да тече во када, забележав и поголеми парчиња стврднат бигор и нечистотија.

Се згрозив кога видов што сè излезе низ цревото” – вели оваа мајка. Трикот веќе го испробаа некои жени од групата и велат дека подеднакво се згрозени од резултатите, но дека машината никогаш не им била почиста.

III Совет кој пари вреди: како да ја елиминирате мувлата од машината за перење

Дали после перењето на алишта тие не ви мирисаат убаво иако сте ставиле омекнувач и убав прашок? Сте забележале црна мувла, дамки на преградите за прашокот или на гумата? За да се ослободите од оваа непријатна појава, потребно е да го направите следното:

Потребни состојки: течно средство за чистење (пожелно да содржи хлор), сунѓер (кој после треба да го фрлите, значи не мора да биде нов), ракавици и 25 г лимонтус

Постапка: првиот чекор во борбата против мувлата е обично пребришување со хартиено марамче на внатрешноста од машината, за да се ослободите од наталожената нечистотија. Потоа, нанесете било какво средство за чистење (што содржи хлор) врз гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи.

Затворете ја вратата и оставете два часа да делува. Потоа, во преградата за прашок ставете лимонтус и вклучете ја машината на највисока температура. После оваа постапка, вашата машина за перење алишта ќе заблеска како нова.

Повторете ја процедурата по потреба, за еден месец, за конечно да се ослободите од остатоците од мувлата. И не го заборавајте превентивното одржување бидејќи тоа значително го продолжува животниот век на вашата машина.