Рецепт и фото: Dženita Đuliman

Мислам дека сме многумина од оние кои кога ќе го прочитаат рецептот ќе си помислат: „Најпосле имам алтернатива за оние додатоци во храната кои упорно ги одбегнувам, а ми се неопходни.“

Домашната коцка за супа е одличен рецепт за приготвување на домашен додаток за збогатување на јадењата.

Не е комплициран и се приготвува со намирници кои ги имаме при рака. Основата на приготвувањето е готвење на сите намирници, а потоа сушење и мелење.

Се приготвува за 30-тина минути. Поради голема количина на сол која во овој случај го има својството на конзерванс, може долго да стои во фрижидер.

Кога за првпат го направив овој концентрат бев навистина воодушевена.

Знаев дека веднаш ќе го споделам со вас, бидејќи бев свесна дека со години се прераскажуваат приказни и коментари за штетноста од консумирање на купечките концетрати за супа, како и за останатите додатоци, па доколку сите ние ги одбегнуваме, а сепак сме „зависни“ од нив.

Верувам дека исто како и јас, ќе ја препознаете вредноста на домашниот производ и дека овој рецепт ќе ви стане еден од омилените.

Внимателно прочитајте го рецептот, напомената и погледнете го видеото за начинот на приготвување. Направете домашна коцка за супа и споредете ја со купечката – ќе бидете изненадени!

Потребни состојки:

300 г мелено месо (телешко, пилешко…)

300 г мешан зеленчук (целер, морков, праз, лук, кромид…)

1 китка ароматични билки (магдонос)

1 мало парче ѓумбир

150 г крупна сол

2 ловорови листови

2 супени лажици вода

1 лажица љубов

Постапка:

1.Исчистете го зеленчукот и исечкајте го на ситни парчиња.

2.Во поголема шерпа ставете го исечканиот зеленчук, месото, солта, ловоровите листови и водата.

3.Промешајте и гответе, поклопете, околу 15-минути, повремено промешајте.

4.Тргнете го капакот и со континуирано мешање сушете ја смесата уште некои 15-тина минути. Температурата треба да се регулира за да не ви исгори смесата, па затоа треба да внимавате за да може доволно да се исуши.

5.Додека се’ уште е топла, смесата префрлете ја во блендер и добро измиксајте. Миксањето би требало да биде доста силно, околу 1-2 минути. Ако немате блендер, користете рачен мискер.

7.Мелениот концентрат од месо и зеленчук можете да го обликувате додека е се’ уште топол во топчиња и така ги ставате во готвењето, можете да наполните калапи за мраз и да направите коцки или едноставно со раце да ја изроните масата и да ја сместите во тегла.

8.На половина литар вода се користи една полна кафена лажичка од овој концентрат. По желба количината можете да ја прилагодите според своите потреби.

Напомена:

-Во случај да немате свеж магдонос или други ароматични билки, можете да користите и сушено.

-За приготвување на концентратот можете да ја користите истата количина од било кое друго месо (пилешко, мисиркино, рибино…)

-Крупната сол можете да ја замените со обична.

-Ако се одлучите да ја намалите количината на солта, тогаш приготвениот концентрат чувајте го во замрзнувач.

Погледнете го краткото видео: