Измешајте неколку наполитанки со Нутела илии некој крем по ваша желба и ќе се воодушевите од резултатот. Ништо подобро не сум пробала во последнава година. Колачот не се пече и е многу вкусен десерт кој го правам секогаш кога ќе ми се најават гости.




Толку лесно се прави што не треба да користите многу садови, а јас понекогаш се шегувам и викам дека толку лесно се прави што и на одмор кога сте може да го зготвите. Лесен и деликатен колач кој се прави од неколку состојки. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г чоколадни наполитанки, 100 г Нутела или некој друг крем по ваша желба, 400 мл неутрална павлака со 33% масленост, 400 г маскарпоне или некое друго крем сирење, 200 г шеќер во прав. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г чоколадо, 60 мл неутрална павлака.




ПОСТАПКА: наполитанките ставете ги во блендер да се измелат на најситно без да остане некое парче од нив. Во кремастата смеса од наполитанки додајте ја Нутелата или некој друг крем по ваша желба и добро соединете со шпатула. Во молд со пречник од 18 см излејте ја смесата и добро измазнете.




Ставете во фрижидер да се стегне околу 15 минути или додека го подготвувате кремот. ЗА КРЕМОТ: неутралната павлака изматете ја кремасто со миксер. Во друг сад додајте го маскарпонето и шеќерот во прав, па убаво соединете ги сите состојки заедно.




Овој фил се излева преку кората од наполитанки и добро се измазнува. Целиот калап со флексибилен обрач се става во голема најлонска кеса и се става во фрижидер да се стегне некои 2-3 часа. Ова е најтешкиот дел од подготовката на колачот, кога треба да се чека да се олади.




На крајот, пред да го извадите колачот од фрижидер направете ја чоколадната глазура. На пареа или директно во тенџере на рингла скршете го чоколадото на коцки и додајте ја неутралната павлака. На тивок оган постепено промешувајте додека да се направи вкусна чоколадна глазура.




Кога ќе го извадите колачотод фрижидер, извадете го обрачот од калапот, а потоа и хартијата за печење. Глазурата прелијте ја како завршен слој од колачот и почекајте 2-3 минути за чоколадото да се стегне пред да пресечете парчиња и да послужите.




Колачот изледа како чоколаден чизкејк. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.