Лимонот е вистинско злато од природата, богат извор на витамин Ц и одлично средство за детоксификација на организмот! Но што се случува во организмот кога ќе испиеме комбинација од лимонада и лековито чиа семе?

Чиа семето е познато како семе на здравјето, бидејќи на телото му ја враќа силата и го јакне имунитетот.

Меѓутоа, едно од најважните негови дејства е тоа што го забрзуваат метаболизмот и помагаат во елиминацијата на вишокот килограми.

Чиа семето е пребогато со омега 3 киселини, а идеални се за сите оние кои сакаат да се хранат здраво, бидејќи не содржат глутен.

Овој напиток се нарекува енергетска бомба, бидејќи вашето тело само после чаша ќе почувствува бран од енергија и сила, додека токсините постепено ќе исчезнуваат од организмот.

Потребни состојки:

1 шолја вода
1 исцеден лимон
1 лажичка јаворов сируп (може и мед)
1 лажичка чиа семе

Постапка:

Сите состојки измешајте ги оставете ги да отстојат во чаша 10-тина минути. Потоа слободно препуштете се на уживањето во овој природно енергетски напиток!

ПОЈАДОК

Појадокот е најважниот оброк во денот и затоа секогаш треба да изберете здрав и хранлив оброк со кој ќе го започнете денот.

Една од најдобрите комбинации за појадок е чиа семе и овес; овие состојки се хранливи и ќе ви дадат доволно енергија во текот на денот.

Покрај тоа, тие може да го стимулираат губењето на вишокот масти кои се наталожиле на стомакот и да ви помогне да ги согорите тврдоглавите талози.

Здравствени благодети од овесот и чиа семето:

Овес

Овесот е богат со бета-глукан, растворливи влакна, што е корисно на голем број начини. Со него се регулира нивото на шеќерот во крвта, се намалува лошиот холестерол и се подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем, ако се консумира често.

Покрај тоа, овесот изобилува со протеини, влакна и минерали.

Чиа семе

Чиа семето е богат извор на омега 3 и омега 6, а содржи повеќе калциум од млекото и млечните производи. Исто така, го промовира здравјето на кардиоваскуларниот систем, го намалува нивото на холестеролот и има антиоксидативни и анти-воспалителни својства.

Чиа семето има регенеративни својства, што ги прави исклучително корисно за луѓето кои страдаат од артритис.

Рецепт: Појадок со овес и Чиа семе
Многу вкусен, хранлив оброк кој го јакне телото.

Потребни состојки:

1 чаша овес
500 мл вода
2 лажички ванила
1 лажиче цимет во прав
2 лажици мед
1 прстофат морска сол
4 лажици семе од чиа

Постапка:

Ставете вода, цимет и ванила во еден сад, па ставете на оган додека да зоврие. Откако ќе почне да врие намалете на потивко па додадете го овесот. Оставете го да се вари 5 минути па тргнете го настрана. Поклопете и оставете 5 минути за да се впие.

Додадете мед и сол па добро промешајте. Префлете ја содржината во чинија и додека е топло додадете чиа семе.

Уживајте во овој високо-енергетски појадок во кој можете да додадете овошје по вкус: банани, јагоди, јаболко…

Сиров пудинг од чоколадо

Потребни намирници:

250 мл бадемово млеко
1 лажица кокосово масло
2 урми
1 помала банана
1,5 лажици какао во прав
4 лажици чиа семе

Постапка:

1.Ладното бадемово млеко и лажица кокосово масло благо загрејте ги на најмала температура, само колку да се растопи маслото.

2.Ставете го во блендер па додадете: урми, банана и какао прав. Измиксајте.

3.Пресипете во одговарачки садови па додадете го чиа семето, и добро промешајте.

4.Оставете 20 минути, со уште едно мешање.