Рецепт на Катица од just.katebake. Ова ми е еден стар рецепт, го правев пред 20 години и остана заборавен. Многу е вкусен што денес решив повторно да го подготвам. Немам конкретно име за колачот, па доколку некој се сети на името нека ми го каже.

Решив да го направам повторно бидејќи на сопругот толку многу му се допадна што ме натера денес повторно да го направам. Внатре во колачот има многу вкусен крем, кој прв се подготвува. Бидејќи не го знам името, колачот го нареков Јосипов колач по маж ми, бидејќи тој ме натера да се потсетиме на старите времиња.

Потребни состојки за крем: 4 жолчки, 150 г шеќер во прав, 1 ќесичка ванилин шеќер, 100 г црно чоколадо, 125 маргарин. За база: 250 г мелени ореви, лешници или бадеми, 250 г мелени бисквити, 200 г шеќер во прав, 200 г маргарин, 1 супена лажичка какао, 50 г топено чоколадо, 3 супени лажици млеко.

Потребни состојки
Потребни состојки

Постапка – подготовка на кремот: Во сад додајте ги жолчките со шеќерот и ванилиот шеќер и изматете со миксер. Потоа садот ставете го на пареа врз тенџере и повремено мешајте го додека да се растопи чоколадото и добиете чоколаден крем.

Изматете ги состојките за кремот без чоколадото и маргаринот
Ставете го садот на пареа и додајте го чоколадото
Почекајте чоколадото да се растопи
Тргнете го кремот настрана да се излади, а потоа додајте го маргаринот во него и измешајте

Кремот е подготвен и ставете го на страна да се излади. Кога ќе се излади, додајте го маргаринот и вмешајте го во кремот. Подготовка на кората: Чоколадото ставете го во ќеса со зип во замрзнивач, а потоа ставете го во топла вода да се стопи.

Подготовка на кората: Измешајте ги сувите состојки за кората

Кога ќе се стопи чоколадото, исечете го врвот на ќесата. Во подлабок сад се мешаат сувите состојки. Додајте ги во садот мелените ореви, бисквити, шеќерот во прав и какаото и соединете ги состојките.

Растопете го маргаринот и додајте го во садот со суви состојки. Потоа истиснете го стопеното чоколадо и повторно промешајте за да се соединат состојките. Бидејќи приметив дека конзистентноста на смесата е малку сува и се распаѓа, решив да испробам нешто ново.

Стопете го маргаринот и додајте го во садот со суви состојки
Промешајте и потоа додајте го стопеното чоколадо

Порано во колачот не додавав млеко, но овојпат додадов 3 лажици млеко и уште малку мелени бисквити. Смесата може да ја мешате и со раце за да ја почувствувате нејзината конзистентност.

Додајте го млекото во колачот за да ја подобрите конзистентноста
Додајте уште малку мелени бисквити доколку кората се распаѓа

Смесата треба да се остави некое време да се излади исто како и кремот. Може и колачите да ги правите наеднаш во силиконски калап за мафини, така што во еден калап може да подготвите повеќе мафини одеднаш.

Соединетата кора ставете ја во силиконски калап за мафини и направете шуплина со помош на чаша
Во шуплината додајте го кремот

Ставете во калапчињата од кората и направете шуплина со чаша. Во шуплината додајте од кремот негде до врвот, а потоа натапкајте со кората за да ја затворите празнината. Калапот ставете го во замрзнивач неколку минути, а потоа лесно ќе излезе колачот од калапот.

Сочувајте малку од кората, развлечете ја со оклагија и извадете со истата чаша кори за да ја затворите празнината на секој калап
Малку натапкајте за да се залепи кората за преостанатиот дел

Шуплината на овој начин може да ја вадите со чаша доколку ја собира во калапот, а горниот слој со кој го прекривате кремот исто така вадете го од размесена кора со која ќе извадите тркалезни кругови кои е потребно да ги натапкате на површината на секое калапче.

Ставете го калапот во замрзнивач неколку минути, а потоа вадете ги колачињата на хартија за печење
На врвот на секое колаче додајте чоколадно топче или коцка чоколадо по желба

Ставете го калапот во замрзнивач за да се стегне кората, а потоа вадете ги колачињата на хартија за печење. Премачкајте го калапите со масло пред да ја ставите кората во нив.

Прелијте врз колачињата чоколаден фил по желба
Преубави и превкусни чоколадни колачиња, се јадат за час

На врвот на колачињата додајте чоколадни топчиња или коцка чоколадо и прелијте со прелив од чоколадо по избор или некој друг прелив. Колачот е превкусен, а се подготвува многу лесно и брзо. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Колачот може да го оставите уште малку во фрижидер да се стврдне филот, но и не мора