Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти – најубавата торта во светот без печење.

Тортата се приготвува брзо и едноставно: се редат пишкоти натопени во млеко и се вари крем слично на пудинг, но се преиготвува од посебни состојки кои му даваат извонреден вкус.

Потребни состојки:

300 г бисквити за тирамису (пишкоти)
250 мл ладно млеко

За фил:

2 јајца
500 мл ладно млеко
5 супени лажици шеќер
3 супени лажици шеќер во прав
8 г ванилин шеќер (1 кесичка)
5 супени лажици брашно
100 г чоколадо
200 г путер
60 г шлаг крем со вкус на чоколадо

за декорација:

200 мл слатка павлака (хопла)
1 супена лажица нутела или какао
чоколадо

Постапка:

Калап со димензии 25 см обложете го со проѕирна фолија, па наредете еден слој пишкоти, претходно кратко натопувани во ладно млеко. Наредете и еден ред на обрачот (покрај ѕидот).

Во тенџере изматете со маталка две јајца, еден ванилин шеќер и пет лажици шеќер, па додадете половина литар ладно млеко и изедначете. Во смесата додадете и пет лажици брашно, па убаво промешајте да нема грутчиња.

Загревајте на оган со постојано мешање додека смесата да згусне. Исклучете го огнот и додадете 100 г кршено чоколадо. Промешјате додека тоа да се растопи и соедини во кремот. Префрлете го во друг сад и додадете 60 г шлаг крем во прав со вкус на чоколадо, 3 лажици шеќер во прав и 200 г путер исечкан на коцки и омекнат на собна температура.

Овојпат изматете со миксер додека да добиете убава нежна структура на кремот со добро изедначени состојки. Вака приготвениот крем излејте го врз наредените пишкоти, а одозгора затворете го колачот со уште еден слој пишкоти, исто така натопувани во млеко.

Колачот оставете го да се излади во фрижидер преку цела ноќ, а следниот ден декорирајте го: 200 мл слатка павлака изматете ја пенасто во шлаг. Додадете една лажица нутела за вкус и измешајте. Колачот превртете го, отстранете ја фолијата и премачкајте го со изматениот шлаг. Одозгора наросете рендано чоколадо. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.