Ова е највкусната, најсочната посна торта со ореви и локум. Рецепт и видео презентација на Спасиќ Ема од Емилина кујна. Ова некогаш бил нарекуван Ембарго колач, за кој беа доволно да се испечат две кори и да се пресечат на половина, со тоа што тестото може да се додадат и малку рендани јаболка.
“Со години ја јадам на слава кај една пријателка и сите гости се воодушевени од вкусот, па и јас. Затоа сакав да го споделам нејзиниот рецепт бидејќи е проверен и на многумина им се допаѓа вкусот” – вели Ема за овој рецепт кој многумина го оценија со највисока оцена 10.
Многу вкусна и сочна торта со локум која е одлична за периоди на пост. Но, толку многу ќе ви се допадне што ќе си ја приготвувате секогаш кога ќе ви се присака да се засладите со некој вкусен колач. Во рецептот како мерки се користат чаша од 200 мл и шолја од 100 мл.
Потребни состојки: 1 чаша бело вино, 1 чаша шеќер, 3 шолји за кафе масло, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво, 1 лимон – рендана кора, 2 чаши газирана вода, 1 шолја обична вода, 1 лажица какао и 1 чаша мелени ореви
Постапка: Во подлабок ставете една чаша вино, шеќер и три шолји масло. Потоа додадете просеано брашно и прашок за печиво, рендана кора од лимон. Промешајте, па додадете газирана вода, обична вода, какао и мелени ореви.
Повторно промешајте додека да добиете изедначена потечна смеса. Плехот од рерна намастете го и обложете го со хартија, па излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја со протресување на калапот. Загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете да се пече 30 минути на 200 степени и уште 10 минути во исклучена рерна. Кората ќе биде биде малку распукана. Откако ќе подилзади, кората се сече на 4 еднакви делови. Потоа пригответе го филот, а мармаладот извадете го да омекне на собна температура.
На оган се става 250 г шеќер, чаша вода и 200 грама локум, па загревајте со постојано мешање додека да се растопи и да добиете изедначена смеса. Потоа додадете 200 г мелени ореви, промешајте, па кога смесата ќе стане компактна, оставете ја на страна да се олади.
Секоја кора (за да биде посочна можете да полиете со малку овошен сок) премачкајте ја прво во тенок слој со мармалад од шипки, а потоа со фил. Редете ги корите една преку друга. Одозгора наросете сечкани ореви, лешници…или комбинација по ваш избор и вкус. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Македонски сочен колач со гриз, ореви и суво грозје – посен и вкусен, а додека се пече неодоливо мириса
Мајка ми одамна го прави за посна слава, но јас го правам и во обични денови зошто е многу сочен, мирисен и ароматичен, а дома сите го сакаме. Следува рецептот: Македонски сочен колач со гриз, ореви и суво грозје – додека се пече цела куќа ви мириса прекрасно.
Ова е најсподелуваниот рецепт на Балканот. Македонскиот колач е толку добар што додека го печете целата куќа ви мириса прекрасно, а за вкусот нема потреба да се коментира – пробајте го и уверете се сами… За да го приготвите овој посен колач ќе ви бидат потребни следните состојки:
5 шолји газирана вода, 5 шолји брашно, 3 шолји масло, 3 шолји пченичен гриз, 1 лажичка цимет, 100 г сечкано суво грозје, 100 г сечкани ореви и 1 прашок за печиво. ЗА СИРУП: 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода. За наросување: 50 г сечкани ореви, по желба (не мора, но многу убаво изгледа).
За мерење се користи една шолја од 150 мл. ПОСТАПКА: Просејте 5 шолји брашно со еден прашок за печиво и една лажичка цимет. Додадете три шолји гриз, 100 г крупно сечкано суво грозје и 100 г крупно сечкани ореви. Сето убаво измешајте го во подлабок сад (вангла).
Во средината од сувите состојки направете вдлабнатина па излејте 5 шолји газирана вода и три шолји масло. Сето убаво промешајте го за да се изедначи смесата. Може да користите и миксер, а можете и едноставно со жица за матење. Рерната загрејте ја на 180 степени.
Плехот со димензии 25х35 см обложете го со хартија за печење и излејте ја смесата. Одозгора врз тестото можете да наросите и 50 г сечкани ореви. Печете 35-40 минути. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот, извадете го плехот и оставете го колачот да излади.
Во меѓувреме направете го сирупот: сварете 250 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 мл вода околу 3-4 минути и со врел сируп прелијте го изладениот колач. Колачот оставете го на собна температура додека да го впие целиот сируп. Сечете на коцки, штангли, тријаголници…
А може и директно да се јаде од плех… за нестрпливите. Можете да ставите и прелив со чоколадо и така колачот е уште повкусен. Во тој случај тестото не се наросува со сечкани ореви пред печењето. Или пак, можете да го прелиете со чоколадна глазура помешана со чоколадни снегулки.
Глазура се прави од 100 г темно чоколадо, 50 г путер, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица масло – сето добро се соединува на тивок оган и се прелива преку колачот. Одлично се сече, чоколадото не се двои од кората без разлика што претходно била прлиена со сируп.
Доколку ве интересира, можете да го прочитате и следниот рецепт: Прелиен старински колач – раванија – едноставно, брзо и многу евтино – ОВДЕ.