Печи-Гмечи е традиционална македонска зимница која се приготвува во речиси секое семејство. Оригиналниот рецепт содржи везени пиперки, но може да се приготви и од обични или кој какви има. Исто така, според оригиналниот рецепт пиперките само малку се запекуваат и не треба да се лупат, но на оние што им пречи – ги лупат.
Прво ќе ви го претставуме рецептот на нашата читателка, која денес го објави во нашата група и нè инспирираше да го напишеме овој пост. Со здравје и со сласт да си јадете сите!
РЕЦЕПТ 1 Фото и рецепт: Благица Баба Буки Ивановска – Потребни состојки: 5 кг пиперки везени, 4 чаши (јогуртни чаши од 180-200 мл) оцет, 3 чаши ладна вода, 1 чаша сол, 1 ½ чаша шеќер, 1 чаша масло
Постапка: Сите состојки се мешаат во подлабоко тенџере со капак. Се меша убаво за да се растопат состојките или се става на оган, се меша, а потоа се остава да излади. Пиперките се запекуваат кратко колку да се потпечат малку и се спуштаат во приготвената саламура.
Печените пиперки се потиснуваат со нешто тешко и вака се оставаат да отстојат 24 часа. Потоа се собираат во тегли, ред пиперки, ред лук и сечкан магдонос. Саламурата стасува точно, а доколку не ви стаса, се дополнува со оцет. Фото и рецепт: Благица Баба Буки Ивановска
РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 5 кг везени пиперки, 250 г шеќер, 150 г сол, 2 литри вода, 250 мл масло и 100 мл есенција
Постапка: Шеќерот, солта, водата, есенцијата и маслото се ставаат во поголемо тенџере да провријат. Потоа се остава да излади.Пиперките само малку се потпекуваат колку да омекнат. Уште додека се врели директно од шпорет се ставаат во врели тегли, така да ги пополнат сите празнини.
При ставањето на пиперките може да се потиснуваат со толчник, а помеѓу нив да се става сечкан магдонос и лук. Кога теглите ќе се наполнат, над пиперките се истура изладената течност. Теглите се затвораат и се оставаат на топло полека да изладат. Ако во теглите нема доволно течност, течноста може да се отвори и да се додаде уште малку саламура или оцет.
РЕЦЕПТ 3 – Потребни состојки: 8 кг зелени пиперки, 4 филџани за кафе масло, 2,5 филџани оцет, 0,5 филџан шеќер, 2/3 филџан сол, 1 китка сечкан магдонос, 1 главица лук сечкан и околу 5-6 големи тегли
Постапка: Пиперките испечете ги и излупете ги ако не ја сакате лушпата, но повкусни се цели. Сите состојки за саламурата ставете ги во еден сад и убаво промешајте додека шеќерот и солта да се растопат. За тоа време теглите загрејте ги.
Наполнете ги со неколку пиперки и прелијте ги со саламурата. Повторно додадете неколку пиперки, па повторно саламура и се така додека да се иполни теглата. Додека ги редите пиперките малку потиснувајте ги/нагмечувајте ги со нешто. Затворете ги теглите и чувајте ги на ладно.
Коментар на Марина Стојановска: “На “Паланечки” овие се викаат “пуцкани” пиперки, си ставаш колку сакаш килограми пиперки, ги потпекуваш на шпоретот и затоа се викаат пуцкани пиперки, откако ќе ги “испуцкаш” сите пиперки, си ставаш масло да зоврие и попаруваш пиперките, па додаваш оцет, лук, магдонос по вкус и на крај во ванглата ќе си ставиш едно пакетче салицил. веднаш топли се собираат во тегли, да бидат потопени во сосот до врв, сите тегли дури останува, поздрав”.
Коментар на Јордана Диралова: “Јас ги печам пиперките и одма ги ставам во тегли со однапред припремено зејтин оцет лук магданос сол и шеќер се ставам ред пиперки ред припремен материјал и на крај добро ги затварам теглите и ги поктивам една по една во чаршав и ги редам другиот ден на полица”
Коментар на Бајрам Халити: “Убаво е со везени пиперки и топло се реди”. Коментар на Благица Петровска: “Јас не ставам вода еднаш ставив и ми се расипаа пиперките зејтин оцет магдонос лукче јас ставам и морков исечен на крукчиња и многу е убаво поздрав”