Рецепт и видео презентација на “CooKing” – Посна Мексиканска салата.

Тоа е најубавата посна оброк-салата која многумина ја обожаваат. Одлична е за слави, родендени, Нова година, а и како оброк за секој ден. Она што е одлично кај оваа салата е тоа што колку подолго стои толку е повкусна. Се приготвува брзо и лесно.

Потребни состојки:

400 г грав (варен или од конзерва)
200 г пиперки
100 г пченка (варена или од конзерва)
100 г туна во масло
100 г кромид (виолетов)
маслиново масло
сол
2 лажици оцет
лут сос по вкус

Постапка:

Гравот сварете го и процедете го (ако е од конзерва само процедете го). Секој грав е вкусен, но можете да одберете шарен или пинто/кафеав грав за да биде пошарена салатата.

Додадете сечкани црвени пиперки (или шарени, по избор). Кромидот исечкајте го на ситни коцкички, па и тој додадете го во гравот. Во смесата додадете 100 г варена и исцедена пченка (или од конзерва).

Во мешавината додадете и една мала конзерва од 100 г туна во масло (сечкана). Зачинете со сол, додадете 2 лажици оцет и малку маслиново масло. Убаво измешајте ја салатата користејќи се со две лажици/виљушки за да не ги нагмечите зрната.

По вкус додадете и малку лут вкус. Вкусете и додадете зачин по вкус доколку сметате дека е потребно. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.