I РЕЦЕПТ – ЈОГУРТНА ПОГАЧА – Целото соседство ќе мириса прекрасно додека таа се пече, никој не може да и одолее… Погачата е мека како душа и многу е едноставна за правење, особено за младите домаќинки кои немаат многу искуство во кујната.

Потребни состојки: 2 јајца, 1 јогурт во чаша (180-200 мл), 50 г квасец, 200 мл вода, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, брашно по потреба тип 400 меко (околу 700-800 г) и сусам за наросување, 150 г маргарин за мачкање (користев лајт маргарин). Постапка:

Квасецот и шеќерот растворете ги во млака вода. Промешајте и оставете 10-тина минути на топло место за да стаса. Може да додадете и малку брашно за полесно да ферментира квасецот. Во околу 700 г брашно направете вдлабнување, па во него ставете две јајца кои претходно отстојале на собна температура.

Потоа додајте го и јогуртот, исто така на собна температура. Солта наросете ја околу во брашното, додајте го стасаниот квасец, па замесете меко нелепливо тесто, а по потреба додајте уште малку брашно. Тестото оставете го 5 минути да одмори, а потоа развлечете го во голема кора.

Кората треба да биде со правоаголна форма и дебелина од 5 мм. Преку целата површина премачкјате ја кората со омекнат путер. Свиткајте ја кората како ролат, а потоа сечете парчиња со широчина од околу 4-5 см. Редете ги во тркалезен калап или тепсија.

Покријте ја тепсијата со кујнска крпа или најлонска фолија и оставете да стаса за да се удвои. Врз секое ролатче ставете малку маргарин и наросете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Погачата чувајте ја во сува крпа. /Сoolinarika.сom

II РЕЦЕПТ – Инстант брза погача со кисело млеко за 5 минути е готова – се топи во уста, а мека е како душа – без квасец. Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од Идеја за креативци „Направи сам” – Инстант брза погача со кисело млеко.

Нема ништо поубаво од тоа кога куќата ќе замириса на врела домашна погача, а уште подобро е кога за нејзиното приготвување нема да изгубите повеќе од 5 минути. Станува збор за погача која се приготвува со кисело млеко кое на тестото му дава прекрасна мекост и беспрекорен вкус. Мека, вкусна и брза погача, која секој може да ја направи.

Потребни состојки: 450 г брашно, 250 г кисело млеко, 1 јајце, 1 кесичка прашок за печиво, 80 мл масло, 1 лажичка сол и малку млеко за премачкување и сусам за наросување.

Постапка: Во подлабок сад измешајте 450 г брашно, една кесичка прашок за печиво и лажичка сол. Потоа додајте 80 мл масло, 250 г кисело млеко (или кефир или грчки јогурт). На крај додајте едно јајце и убаво промешајте. По потреба може да додадете и малку млака вода доколку ви се чини дека тестото е суво.

Промешајте добро со лажица а потоа фатете и со рака за убаво за да измеси тестото. Не е потребно многу да се работи тестото, туку само колку да се изедначат состојките.

Калапот/тепсијата во која ќе се пече погачата, намастете ја со малку масло и наросете ја со малку брашно. Вишокот истресете го. Тестото пренесете го во тепсијата и со раце истапкајте го до ѕидовите на калапот. Одозгора премачкјате ја погачата со малку млеко и наросете ја со малку сусам.

Потоа оставете ја да отстои 10-15 минути, додека се загрева рерната на 200 степени. Ставете ја погачата да се пече во загреаната рерна околу 25 минути додека убаво да зарумени. Проверете со чепкалка дали е печена. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

III РЕЦЕПТ – Лисната пита која ќе ве воодушеви со вкусот, а може да ја пробате и оваа јогуртна погача. Рецепт и видео презентација на „Домашен Готвач” – Лисната погача која сите ќе ве освои. За да го приготвите тестото за питата ќе ви бидат потребни следните состојки: 400 мл вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица сув квасец, 600 г брашно и 1 лажица сол.

За премачкување на питата: 50 г маргарин или путер, 1 жолчка од јајце, 1 лажица млеко и сусам за наросување. Постапка: Во подлабок сад ставете 400 мл млака вода, додајте една лажица шеќер и една супена лажица сув квасец. Промешајте добро додека да се растопи убаво шеќерот, па додајте приближно половина од 600 г брашно.

Промешајте со лажицата и додајте една лажица сол. Добро изедначете ја смесата и додајте го остатокот од брашното. Продолжете со мешањето додека можете со лажицата, а на крај фатете со рака. Добро измесете го колку можете. Тестото треба да биде меко и малку лепливо за рака.

Покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло да стасува околу половина час додека да го удвои волуменот. Стасаното тесто малку наросете го со брашно и истресете го на набрашнета површина. Со помош на дланките формирајте подебела кора, а потоа продолжете го развлекувањето со оглагија.

Обидете се на кората да и дадете правоаголен облик: со рацете малку развлекувајте ја кората на краевите. Преку цела површина премачкајте ја кората со омекнат путер и започнете со диплење. Пакувањето на тестото е класично како и за секое лиснато тесто:

Се дипли на третини додека се добие повторно помал правоаголник, а потоа повторно се премачкува со путер и уште еднаш се дипли на трипати. Тепсијата или плехот во која се пече погачата убаво се намастува со путер. Се става здиплената погача, па се сече на парчиња со големина по ваша желба.

За премачкување: Во помал сад се става жолчката од јајце, се полева со една лажица млеко и се промешува. Со оваа смеса убаво се премачкува погачата со помош на силиконска четка. Се наросува со сусам одозгора (или со ленено семе, ким и семки по ваша желба).

Се остава погачата да одмори 15 минути за да стаса и стане повоздушеста. Потоа ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25-30 минути или додека убаво да зарумени. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.