Кременадли во многу вкусен сос, меки како путер – направете ги според овој рецепт и ќе го добиете најсочното месо со компири, и тоа од рерна! Постојат бројни начини за подготовка на телешки котлети или кременадли, а овој е можеби најдобриот.




Месото се пече заедно со компирот и останатиот зеленчук на тивок оган, па на крај се добива телешко кое е исклучително сочно, наспроти фактот што спаѓа во едни од попосните меса кои во себе не содржат мрснотија. Се одвојува од коски и се топи во уста, а компирот е толку многу вкусен, исто како да се печел под сач. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Телешки котлети (4 парчиња), маринада (по 20-тина мл маслиново масло и обично масло за готвење, 1 полна лажица сув зеленчуков зачин, 1/2 црн и 1/2 лажичка црвен пипер), 1/4 лажичка сув рузмарин), компири, морков, кромид, 3 пиперки, 2-3 домати, магдонос, 20 г путер, говедски бујон (или коцка за супа растворена во вода).




ПОСТАПКА: Телешките котлети посолете ги и премачкјате ги со течната маринада која се приготвува на следниот начин: Во еден помал сад ставете еднаква количина обично масло и маслиново масло (околу 40-50 мл вкупно), сув зеленчуков зачин, црн и црвен пипер во прав, и рузмарин.




Добро премачкајте ги посолените кременадли од двете страни и ставете ги во некој сад ко капак (или покриени со проѕирна-стреч фолија) до употребата, а најдобро преку цела ноќ за да се впијат зачините во месото.




Вклучете ја рерната на 200 степени, а пекачот намастете го. Наредете ги котлетите на дното, поклопете со капакот (ако ги печете во керамисчки или огноотпорен сад без капак, тогаш затворете го со двослојна алуминиумска фолија) и ставете да се пече во загреаната рерна половина час.




Додека се печат котлетите пригответе го зеленчукот. Излупете ги морковите и компирите, па исечкјате ги на крупни парчиња. Додајте и крупно исечен кромид (една главица). Ставете ги во еден сад и зачинете ги со сол, црн и црвен пипер, сув зеленчуков зачин и масло колку да бидат обложени. Добро промешајте ги.




После половина час извадете го пекачот од рерна, па додајте го сечканиот зеленчук, распоредете го помеѓу месото, повторно поклопете и вратете назад во рерна уште 20 минути. Повремено треба да се проверува месото и да се додаде малку путер кој ќе омекне и дополнително ќе му даде убав вкус.




После овие 20 минути повторно извадете го пекачот и додајте крупно исечени пиперки и домати (ако се шери домати само пресечете ги на половина) и залијте со 1 литар говедски бујон (може и растворена говедска коцка за супа) за да се добие вкусен сос.




Вратете го садот повторно во рерна и печете уште половина час. Од време на време преливајте го месото со сосот од пекачот. На крајот додајте го ситно сечканиот магдонос и тоа е сè, вкусните кременадли се готови. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.