НАЈПУФНАСТИТЕ МЕКИЦИ СО МЕУРИ: Со една чаша јогурт и едно јајце ќе го добиете најдоброто тесто

Ако сакате да јадете вкусни домашни мекици/пирошки наутро, тогаш денес го имаме за вас совршениот рецепт за брзо тесто од кое ќе ги добиете нејпуфнастите мекици. Може да ги послужите со фил по ваш избор (или без), а готовите мекици се меки како памук и целите се со меури. Еве како да направите меки меки од ова брзо тесто:

Потребни состојки: 400 г брашно, 1/4 лажиче сода бикарбона (3 г), 2 лажички вотка, 200 мл кефир/густ јогурт или кисело млеко, 1 јајце, 1 лажица шеќер, половина лажиче сол, 30 мл сончогледово масло за подлогата

Постапка: измешајте го брашното со сода бикарбона, а потоа просејте го. Во средината направете вдлабнување и истурете 2 лажички вотка. За фил: може да користите било каков фил освен свежо месо.

Во овој рецепт јас користев мешавина од варен компир и варено пилешко месо. Во посебен сад ставете јогурт на собна температура, едно јајце, сол и шеќер. Добро изматете, а потоа течната смеса соединете ја со сувите состојки.

Замесете го мекото тесто кое на почетокот малку се лепи на раце. Покријте го со крпа и оставете го одмори во садот 15-30 минути, за да се активира глутенот. После тоа, тестото ќе се промени и ќе биде многу полесно за работа.

Ќе стане еластично и нема да се лепи. Одмореното тесто истресете го врз набрашнета работна површина и премесете го. Формирајте валјак. Врз работната површина истурете 30 мл масло и тестото намастете го.

Потоа поделете го на онолку делови колку што сакате да правите макици (помали или поголеми). Од секое парче формирајте топче. Јас добив 11-12 топчиња. Потоа секое топче малку со прстите сплескајте го.

Ставете една лажица фил по ваша желба и затворете го убаво од сите страни, за да не истекува филот при пржењето. Формираните мекици и пржете ги во добро загреано масло на умерена температура.

Кога ќе започнат да се појавуваат меури од горната страна, свртете ги да се испржат и на другата страна. Кога убаво ќе заруменат од двете страни, вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Уживајте во нивниот вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Постапка во фотографии:

во брашното додајте малку сода бикарбона и просејте го
во средината направете вдлабнување и додајте ја вотката
Во посебен сад ставете јогурт на собна температура, едно јајце, сол и шеќер
добро измешајте со виљушка
смесата соединете ја со брашното
промешајте
прво со виљушка..
…а потоа и со рака
ќе добиете малку лепливо тесто. Покријте го и оставете го да одмори 15-30 минути
потоа истресете го врз малку набрашнета работна површина
премесете го и формирајте валјак
намастете ја површината и тестото поделете го на 10-тина парчиња
од секое парче формирајте топче
секое топче со прстите развлечете го и флувајте го
внимателно затворете го
спојте ги сите краеви, така да не излегува филот при пржењето
пржете ги во загреано масло на умерена температура
пржените мекици вадете ги врз хартиена салфетка
Loading...
Претходна статијаПЛАЗМА ДЕСЕРТ ВО ЧАША: Лесен, вкусен, освежителен, готов за 10 минути
Следна статијаУТРЕ ИЗМИЈТЕ ГО ЛИЦЕТО СО ОВОЈ ЧАЈ: Брчките и малите дамки и неправилности ќе исчезнат