Орасниците се еден од омилените колачи на сите генерации, не само поради примамливиот вкус, туку и поради нивната оригинална текстура. Кога ќе ги гризнете, тие крцаат, а секој залак се топи во уста.
Ова се неодоливи колачи за сите љубители на оревите. Одлично изгледаат на секоја славска трпеза, а се прават со само 3 состојки. Постапката за приготвување е многу лесна и едноставна, а во следниот рецепт сè е објаснето, чекор по чекор. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 белки, 300 г мелени ореви + 300 г сечкани ореви, 250 г шеќер во прав и сосем малку, 1/4 лимонов сок или јаболков оцет кој се додава за да се добие поубава текстура, цврстина и арома.
ПОСТАПКА: На самиот почеток вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, но не заборавајте да ја намалите температурата на 100 степени кога ќе ги ставите орасниците на печење.
Од двете јајца во посебни садови одделете ги белките од жолчките. Жолчките употребете ги за друг рецепт или смрзнете ги. Белките пенасто изматете ги со миксер, на почетокот со средна брзина.
Кога ќе побелат и ќе се формира пената, започнете постепено да додавате 250 г шеќер во прав. Непрекинато матете додека додавате малку по малку од шеќерот, а миксерот вклучете го на максималната брзина.
Матете неколку минути додека да се формира цврст и сјаен шам. Започнете постепено да ги додавате мелените ореви (300 г), но овојпат не ви е потребен миксерот, туку содржината ја мешате со лажица или шпатула.
Кога ќе добиете компактна и изедначена смеса, додајте малку лимонов сок и промешајте. Тестото треба да биде меко и лепливо. Плехот од рерна обложете го со хартија за печење. Црпете со лажица од смесата, обликувајте валјачиња со дланките, валајте ги во сечканите ореви и обликувајте во потковици.
Наредени во плехот ставете да се печат во загреаната рерна (од 200 намалете на 100 степени), 45 минути. Оставете целосно да се оладат па послужете ги. Деталите погледнете ги ОВДЕ.