Најпознатата, царицата на тортите – МИЛКА ТОРТА готова за 30 минути

Сигурно сте се прашувале како се прави Милка, тој фантастичен вкус кој остава без здив! Сега сте во можност да направите Милка торта за само 30 минути. Ова е најпознатата торта, а освен по вкусот позната е и по едноставноста за приготвување. Уживајте во нејзиниот вкус.

Еве што ви е потребно: 1 литар млеко, 10 лажици шеќер, 3 пудинзи од ванила, 300 грама млечно Милка чоколадо, 100 грама бело милка чоколадо, 500 мл слатка павлака и плазма кекс колку што е големо дното на обрачот.

Постапка: 8 децилитри млеко искористите за да го разматите пудингот и шеќерот. Останатото млеко ставете го да зоврие, па додајте го разматениот пудинг и шеќерот. Врелата смеса поделете ја на половина, па во едниот дел ставете го белото, а во другиот млечното чоколадо и мешајте дури не се растопат.

Измиксирајте ја слатката павлака, па по четвртина ставете во двете смеси. Земете обрач или округла шерпа, ставете кеса и излијте го белиот крем, а потоа остатокот од слатката павлака (половината која остана) па згора ставете го темниот крем.

Потоа ставете ред кекс потопен во млеко. Затворете ги краевите на кесата и ставите во ладилник неколку часа. Извадете, отворете ја кесата, со помош на тацна превртете ја тортата и вашата Милка ќе биде со идеален облик. Уживајте!

Претходна статијаНаједноставен начин да ги исчистите фугите во бањата, еднаш – засекогаш!
Следна статијаПијте го ова секое утро ако имате замастен црн дроб