Најпопуларната италијанска погача-колач од 1 кг јаболка. Едноставна и брза подготовка! Еве кои состојки ви се потребни за калап со дијаметар од 20 см:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4-5 кисела јаболка, 2 јајца, 75 грама шеќер, 1 лажиче екстракт од ванила, 100 мл млеко, 80 г брашно, 1 лажица прашок за печиво, 40 г растопен путер или масло, 1 прстофат сол. Време на печење: 45-60 минути на 185 C.

ПОСТАПКА: Излупете четири јаболка и исчистете ги од тврдите делови и семките, па исечете ги на тенки плочкички. Ако ви е полесно можете да користите и ренде за сечење ленти (како за чипс).

Посипете ги јаболката со сок од половина лимон за да не потемнат. Промешајте и оставете настрана. Во посебен сад скршете две јајца, додајте шеќер и ванила, па рачно иматете. Додајте млеко и растопен путер и промешајте.

Брашното промешајте го со прашокот за печиво и прстофат сол, па постепено додавајте го во течната мешавина додека непрекинато мешате. Треба да добиете течно тесто без грутчиња. Сипете го врз јаболката и промешајте.

Калапот во кој ќе го печете колачот намастете го со путер, а дното обложете го со хартија за печење. Добро распоредете ја содржината и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени 45-60 минути.

Колачот е многу мек и сочен, а мириса неодоливо. Оставете малку да излади, па послужете го.

По желба одозгора можете да го посипете со шеќер во прав или мешавина со цимет, но многу е декоративен и таков каков што е. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.