Прв рецепт: Меки и вкусни колачи со облик на руски шубари. Ова е омилениот колач од нашето детство, мек и кремаст, се ужива во секој залак. Потребни состојки за кора: 4 јајца, 8 лажици шеќер, 7 лажици масло, 20 лажици брашно, 20 лажици млеко, 2/3 кесичка прашок за печиво, 2 лажици какао.

Потребни состојки за ФИЛ: 2 пудунзи од ванила (80 г), 4 лажици густин, 4 -6 лажици шеќер (по вкус, зависи од чоколадото што ќе го користите), 800 мл млеко, 150 г бело чоколадо, 250 г путер. Потребни состојки за ГЛАЗУРА: 100 г црно чоколадо, 100 г бело чоколадо и малку масло.

Уште е потребно: 100-150 г кокос. Постапка за приготвување на кора: Изматете ги жолчките со шеќерот. Додадете брашно, прашок за печиво и какао, а потоа млеко и масло. Нежно промешајте. Посебно изматете ги белките и внимателно додадете ги во претходната смеса мешајќи внимателно со лажица а не со миксер.

Печете во тркалезен плех 35 см. Приготвување на ФИЛОТ: Во 100 мл ладно млеко или малку повеќе додадете ги пудинзите претходно измешани со густинот и шеќерот. Остатокот од млекото (700 мл) загрејте го на оган па додадете ја претходната смеса со постојано мешање додека да згусне.

Сварениот фил се трга од оган и се остава да излади (се прекрива со проѕирна фолија за да не фаќа кора). Посебно изматете путер и додадете го изладениот фил, а на крај и истопеното бело чоколадо. Испечената и изладена кора сечете ја со чаша d=4.2см, па секој дел хоризонатлно пресечете го така да добиете два дела (а некогаш и на три ако е дебела кората).

Филот можете да го ставите малку во фрижидер да се стегне, потоа полесно се филува. Секоја капа се филува, се мачка малку од страните а потоа се тркала во кокосово брашно. Горната површина не се филува, на неа се става глазура од чоколадо по желба:

двете чоколади се топат со малку масло на тивко; со црното чоколадо се премачкува површината на капата, а белото чоколадо се става во кеса за замрзнување, се дупнува, па се прават мали кругови врз темното чоколадо додека не се стврднало; шарата се прави со чепкалка за заби:

Се повлекува во една, па на друга страна, од центарот кон нанадвор, 4 пати, па спротивно помеѓу овие шари, исто така 4 пати. Ако не сакате да ги шарате капите, доволно е само црното чоколадо). Се послужуваат убаво изладени откако ќе отстојат неколку часови во фрижидер. /coolinarika.com

Втор рецепт со видео презентација – Оригинални РУСКИ КАПИ – како да направите совршени шубари. Одличен десерт за сите пригоди, многу вкусно, евтино и едноставно: како да направите оригинални руски капи (шубари). Секогаш се омилени на трпезата меѓу другите ситни колачи.

Потребни состојки: 7 јајца, 1 ванилин шеќер, 250 г шеќер во прав, 100 мл вода, 100 мл масло, 300 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 2 лажици какао. Кората се пече 15 мин на 200 степени. За крем: 400 мл млеко, 1 ванилин шеќер, 3 лажици шеќер, 1 лажица брашно, 2 лажици густин, 3 лажици маргарин.

За глазура: 120 г чоколадо, 2 лажици масло и уште: 150 г кокос за валкање. Постапка: Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во подлабок сад. Кога белките ќе запенат додадете 1 ванилин шеќер и продолжете со матење 6-7 минути за да добиете цврст снег.

Во жолчките додадете 250 г шеќер во прав па изматете ги со миксер 3-4 минути додека да се добие крем. Потоа додека постојано матите додадете 100 мл вода во тенок млаз. На истиот начин додадете и 100 мл масло. Во смесата додадете 300 г просеано брашно, 1 лажичка прашок за печиво и 2 лажици какао.

Соединете со миксер додека да се изедначат сите состојки во еднолична смеса. Додадете го снегот од белки и со лажица или шпатула промешајте внимателно, да остане смесата пенлива. Во обложен плех од рерна со хартија за печење, излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја.

Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 15 минути. За крем: Во 400 мл млеко промешајте 1 ванилин шеќер и 3 лажици шеќер, па додадете и една лажица брашно и две лажици густин. Смесата сварете ја умерен оган со постојано мешање, да нема грутчиња.

Кога ќе згусне додадете 3 лажици маргарин/путер и измешајте додека тој да се растопи и соедини со кремот. Оставете на страна покриено со фолија, целосно да излади. Проверената кора проверете ја со чепкалка дали е печена, па потоа отстранете ја хартијата.

Со калап или чаша вадете кругови и веднаш сечете ги на половина. Спојувајте ги двете половини со кремот, а потоа премачкајте ги и странично, па валкајте ги во кокос убаво да се обложат. Одозгора ставете чоколадна глазура. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.