Речиси и да не постои болест за која не се препорачува копривата…
Речиси и да не постои болест за која не се препорачува копривата, било како диетално јадење, било како лековит напиток. Свежиот сок од коприва и стерилизираниот сок од коприва се на прво место по чyдотворните ефекти, но само доколку се следи проверениот рецепт.
Ако вклучите коприва во менито, добивате зеленчук кој влијае на голем број метаболички функции во телото, почнувајќи од стимулирање на функцијата на жлездите за посилно лачење на дигестивните сокови кои помагаат во разградувањето на мастите,
протеините, јаглехидратите и другите состојки во храната што ја јадеме, до воведувањето важни состојки, од витамини, минерали, есенцијални киселини до растителни хормони.
Лековитото дејство на ензимот секретин кој го содржи копривата влијае на зголемување на бројот на црвените крвни зрнца, на нивото на шеќер во крвта (го намалува), на жлездите кои ги поттикнува да работат и на спречување на зголемување на белите крвни зрнца кога станува збор за радиоактивно зрачење и за лекување на последиците од радиоактивното зрачење.
РЕЦЕПТИ: Семето од коприва како природен лек – еве зошто е добро ако се помеша со ореви и мед – прочитајте ОВДЕ.
Земањето свеж сок и чај од коприва е корисно во лечење на: разни анемии (се нарекува и железен тоник), во превенција од атеросклероза, бубрежни заболувања и воспаление на уринарните канали и мочниот меур (за зголемено мокрење, при циститис,
инфекции, разни иритации, крвавење, во случај на крв во урината, катар, камења и песок), болести на простата (воспаленија, инфекции, бенигна хиперплазија на простата (БПХ), зголемена простата, отежнато мокрење – екстрактот од корен од коприва ги стимулира машките хормони – тестостерон и женски хормони – естроген).
Им помага на пациентите со дијабетес бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта и е добра диетална храна, се препорачува за пациенти со Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза, запек, особено за отстранување на одредени згуснувања,
го запира и спречува крвавењето особено од носот (свеж сок се капе во носот од листовите коприва) и крвавење од матката, белите дробови, цревата, бубрезите и уринарниот тракт, а одлично делува и при хемофилија и крвавење од слаби крвни садови.
Лековита ракија со магдонос и коприва за болни и отечени зглобови (бурзитис) – прочитајте ОВДЕ.
Помага при поленска треска и други видови алергии (отвора затнат нос и ги ублажува и лекува инфекциите предизвикани од алергени), го стимулира метаболизмот, ја зајакнува и чисти крвта и целото тело, лечи метаболички болести,
го зајакнува имунитетот, го намалува високиот крвен притисок, го спречува создавањето на камења и песок во бубрезите и мочниот меур и ги уништува, ги третира последиците од радиоактивното зрачење,
го зголемува производството на млеко кај доилките, го стимулира растот на косата, спречува ќелавост и го отстранува првутот, го лекува црниот дроб (детоксифицира и зајакнува, замастен црн дроб , жолтица, откажување на црниот дроб, слаб црн дроб),
добар за болести на жолчката и слезината, болести на желудникот и цревата (катара, гастритис, крварење, дијареа, воспаление на цревата, хронично воспаление на тенкото црево…),
за болести на респираторниот тракт и органи, за разни тумори и посериозни заболувања, кожни болести (нечистотија, дамки од сонце, изгореници, егзема, коприва).
Рецепт за масло од коприва, многу корисно за лекување на болести на кожа и коски, го правам секоја година откако дознав за него – прочитајте ОВДЕ.
„Жарењето“ на болни ревматски места со свежа коприва, како и за ишијас, ги ублажува болните состојби, го зголемува протокот на површинската циркулација на кожата, разните рани,
а особено венските рани на потколеницата (се пие чај од коприва и се мачка со свеж сок, може да ставите и облога од варени листови од коприва на поголеми венски рани),
болести на женските ге-нитални органи и менструални проблеми (разни бактериски инфекции, инфекции со кандида, неправилни циклуси, предменструален синдром), ревматизам (остеоартритис, ревматоиден артритис, бурзитис, тендинитис),
гихт (зголемена екскреција на урична киселина), хемороиди (плакнење со чај). Наместо сок од коприва, по рецепт се користи чај од сушена коприва.
ЧАЈ ЗА ПОБРЗ РАСТ НА КОСАТА: Се прави со моќната коприва на која се додаваат уште 2 состојки – спас за тенка и ретка коса која опаѓа – прочитајте ОВДЕ.
Го обновува организмот
Копривата е ефикасна во сите воспалителни внатрешни процеси, особено во уринарниот и респираторниот систем (инфекции, алергии, бронхитис, кашлица, ларингитис,
астма кај кои делува како антихистамин во форма на чај од лист и корен, поленска треска и голема кашлица, поленска треска, туберкулоза – земете чај и сируп со мед).
СЕМЕ ОД КОПРИВА ВО МЕД: Еден од најценетите природни лекови на сите времиња (РЕЦЕПТ) – прочитајте ОВДЕ.
Обновете ја косата со коприва, покрај ова моќно растение ви треба и ракија
Тинктурата од коприва е одлична за проблеми со скалпот и косата. Познато е дека копривата одлично делува на косата, а тинктурата можете сами да ја направите.
Во литар ракија ставете најмалку две полни лажици сечкана свежа коприва, може да биде и листови и корења. Затворете ја теглата и оставете две недели.
Мешајте повремено. После тоа, се цеди преку газа и се става во темно стаклено шише и се чува на темно место. Растворете околу 10 до 15 капки од тинктурата во вода и пијте ја три пати на ден, обично пред јадење.
Доколку имате проблеми со опаѓање на косата, неколку пати неделно масирајте неколку капки од тинктурата во скалпот, оставете неколку минути и потоа исплакнете.