Ова е најмекиот колач со јаболка и бисквити кој ќе го направите за многу кратко време, а ќе уживате во секој негов залак.
Потребни состојки:
600 г бисквити (јас користев какао петит бисквити)
1 кг јаболка
2 пудинг од ванила
600 мл млеко
250 г шеќер
250 мл слатка павлака за шлаг
Постапка:
Излупете ги јаболката и изрендајте ги. Прелијте ги со 300 мл млеко и шеќер, па ставете ги на оган да се готват 10-тина минути.
Во преостанатото млеко растворете го пудингот па сварете го заедно со јаболката кога ќе се сварат.
На тепсија со димензии 20х30 см наредете бисквити на дното, па прелијте ред врел фил, повторно бисквити, фил, бисквити, фил и на крај бисквити. Значи вкупно четири реда бисквити, а помеѓу по третина од филот.
Изматете ја слатката павлака и декорирајте го колачот. Оставете го да излади во фрижидер, најдобро до следниот ден за да се стегне, а бисквитите убаво да омекнат.
Деталите можете да ги погледнете на видеото: